Линкови за пристапност

Пауел ќе ја посети Јужна Азија - 2004-03-10


За време на посетата на Исламабад, секретарот Пауел се очекува да се фокусира на анти-тероризмот и неширењето на оружје. Ова е негова прва посета на Пакистан од 2002 година, кога американски претставници предупредија оти Пакистан и Индија се на работ на нуклеарна војна.

Односите меѓу двете јужноазиски земји оттогаш до денес забележаа значаен напредок.

Томас Донели, аналитичар за Јужна Азија во американскиот Enterprise Institute вели дека пакистанската поддршка во војната против тероризмот и битката против Ал Каида довела до големи промени во односите со САД.

Г-динот Донели вели дека пакистанскиот претседател генералот Первез Мушафар ја оттргнал неговата земја од Кина, инаку нејзин традиционален сојузник, и ја приближил кон САД, кои играат поактивна улога во регионот.

“Промената на курсот на пакистанската Влада по 11 септември не е мал феномен. Да, Пакистан се уште се соочува со огромни проблеми во владеењето, има огромни проблеми со сопствените терористите и радикални исламски елементи, но Владата на генералот Мушараф направи нешто слично на свртување за 180 степени“, смета господинот Донели.

Поранешниот светник на тројца досегашни пакистански премиери, Хусеин Хакани има помалку позитивен став кон тоа. Г-динот Хакани, кој е визитинг професор во Фондацијата за меѓународен мир Карнеги смета дека главниот мотив на г-динот Мушараф е останувањето на власт - и негово и на армијата.

“Пакистанците не се сојузници, генералот Мушараф не е сојузник во глобалната војна против тероризмот. Тој се обидува да ги намали сопствените загуби и да ја задржи власта во Пакистан, да остане надмоќта и приматот на пакистанската армија во домапната политика и во регионални рамки“, вели господинот Хакани.

Унапредените односи меѓу САД и Пакистан се чини минатата недела ги преживејаа изненадувачките вести дека главниот нуклеарен научник на оваа јужноазиска земја, на Иран, Либија и Северна Кореја им продавал информации за изработка на атомски бомби. Абдул Кадир Кан призна дека ширел нукеларни тајни и веднаш беше помилуван од претседателот Мушараф. Г-динот Кадит Кан вели дека работел самостојно и оти никој од пакистанската влада не бил вклучен во тоа.

Ричард Перл, поранешен претседавач со Бордот за одбранбена политика и консултант на секретарот за одбрана, вели дека главен фокус на САД е да го запре трансферот на нуклеарна технологија и опрема.

“Повеќе би сакал да го видам Кадир Кан пред соодветен трибунал и за она што го сторил да добие долгогодишна казна. Тој, според мене, на светот му нанесе огромна штета. Но, разбирам дека грижата на САД во прв момент беше да се запрат активностите што е можно побрзо и за среќа тоа беше сторено“, вели господинот Перл.

Аналитичарите велат дека САД треба да ја искористат шансата од неодамнешното затоплување во односите меѓу Пакистан и соседна Индија.

Двете страни се согласија да ги продолжат мировните разговори за спорниот хималајски регион Кашмир и министрите за надворешни работи на обете земји се очекува да се сретнат во август.

Претседателот на Советот за надворешни односи, Ричард Хаас вели дека Исламабад започнува со активности против терористичките групи во неговите граници, што е клучен чекор за унапредување на односите со Вашингтон.

Г-динот Хаас истакнува дека иако секретарот Пауел веројатно нема да ги оствари сите цели на ова негово патување во Исламабад и остатокот од Јужна Азија, тој сепак доаѓа во време на попозитивна атмосфера, каква што во регионот не е забележана во изминативе години.

XS
SM
MD
LG