Линкови за пристапност

Протести за права на Тибет - 2004-03-10


Носејќи тибетски знамиња и со ленти на главата на кои пишува Слободен Тибет, голем број демонстранти се собраа до барикадите поставени од полицијата во близина на индискиот парламент. Тие извикуваа слогани за крај на кинеското владеење во Тибет, и бараа Пекинг да ги ослободи тибетските политички затвореници.

За околу 80 демонстранти овој собир значеше крај на 29-дневниот марш кон Њу Делхи од Дарамсала, северен индиски град кој беше дом на Далај Лама од 1959 година.

Долма Чефел, организатор на маршот од Тибетскиот младински конгрес, вели дека меѓународната заедница треба да чуе повеќе за проблемите со кои се сочува Тибет.

“Тибетскиот народ, внатре во Тибет, многу страда. Ситуацијата се влошува од ден на ден, иако кинеската влада го вели спротивното. Ништо таму не се случува што упатува на развој“, вели госпоѓа Чефел.

На десети март се навршуваат 45 години од националното востание на Тибет, а тоа е денот кога обични граѓани на Тибет ја опколија летната палата на Далај Лама во тибетскиот град Лхаса за да ја спречат кинеската армија да го одведе во затвор. Далај Лама потоа пребега во Индија.

Тибетските групи за човекови права велат дека повеќе од милион Тибетанци оттогаш умреле како резултат на кинеското владеење во Тибет. Тие го обвинуваат Пекинг за тортура и убиство на политичките затвореници.

Кина е упорна во отфрлањето на овие обвиненија и инсистира дека Тибет е дел од Кина.

Далај Лама се откажа од барањето за независност на Тибет – и се залага за поголема автономија во рамки на Кина. Тој во 1989 година ја доби Нобеловата награда за мир за мировничката кампања за подобрување на човековите права на Тибетанците и за зачувување на тибетската култура.

Кинеската влада вели дека е отворена за разговори со Далај Лама за иднината на Тибет. Но таа исто така го обвинува за барање независност за регионот. Двете страни одржале два круга на разговори во септември 2002 и во мај 2003. Третиот круг се очекуваше во октомври 2003, но до тоа не дојде.

Порано годинава, Далај Лама побара од индиската влада да игра улога на посредник меѓу Тибет и Кина.

XS
SM
MD
LG