Висок команднат на американската армија вели дека американските сили напорно работат заедно со алжирските трупи во војната против тероризмот.
Високиот армиски претставник е генералот Чарлс Валд, заменик-командант на американската европска команда, одогворна за воените активности во најголем дел од Африка. Тој неделава говореше на тркалезната маса во Вашингтон со група новинари.
Генералот Валд даде малку детали за обемноста на американско-алжирската соработка, освен што рече „имаме намера да помогнеме секаде каде што можеме“. Тој вели дека помошта не мора секогаш да биде со распоредување американски трупи, туку и со размена на информации.
Воените претставници истакнуваат дека во Алжир во моментов нема американски сили. Но генералот Валд предвидува зголемување на воената соработка во иднина и посочува дека алжирскиот шеф на одбраната и други претставници од Северна Африка и регионот Сахел, на 22 март ќе дојдат на разговори во европската команда во Штудгарт.
Генералот Валд неодамна ј заврши еднонеделната турнеја низ 11 земји, со две станици во Алжир-главниот град Алжир и местото Таманрасет на југот на земјата, во близина на границата со Мали, каде делуваат терористи поврзани со Ал Каида.
Овие терористи се членови на организацијата Салафист - група за проповед и борба, за чии активности американските претстваници изразија загриженост.
Но геералот Валд вели дека самата Ал Каида, според него, „има интерес во Северна Африка“ и „со сигурност, имаат интерес во областа Сахел“. Тој додава дека интересот на Ал Каида можеби се проширил и до нелегална трговија со дијаманти од Сиера Леоне како извор за финансирање на своите терористички операции. Тој, интересот на оваа група во Северна и Западна Африка го нарече „лош знак“.
Сепак, генералот Валд вели дека проширените американски активности за воена соработка со Алжир во војната против тероризмот се исплатуваат.
Тој истакнува дека два тима за специјални операции со 200 припадници кои минале анти-терористичка обука во Мали и Мавританија веќе се многу корисни. Воедно тој додава дека „има некаков реален успех“ од обуката, но притоа не откривајќи детали.
Обуката е дел од програмата на Стејт Департментот наречена Пан Сахел Иницијатива. Таа овој месец завршува во Мали и Мавританија, за кон крајот на годинава да продолжи во Чад и Нигер.