Линкови за пристапност

Кампања во САД против прекумерната тежина - 2004-03-10


Владината агенција за следење на болести, Центарот за контрола на болестите, вели дека пушењето и натаму е е главната причина за смрт во САД, но директорот на агенцијата, Џули Гербердинг вели дека цигарите нема уште долго да бидат главните убијци.

“Тутунот и прекумерната тежина се едно до друго како причинители на смрт. Ова е слична ситууација со онаа од 90-те години, но големата промена е што прекумерната телесна тежина речиси фаќа чекор како главен причинител на смртност во оваа земја“, вели Гербердинг.

Д-р Гербердинг и нејзините колеги ја изложија растечката закана по здравјето од прекумерната тежина, во студијата објавена во Списанието на Американска медицинска асоцијација. Во студијата се наведува дека пушењето како причина за смрт била регистрирана за 100.000 случаи над бројката на оние кои умреле од прекумерната тежина во 90-те години во САД, но до 2000-та година разликата се намалила на само 35.000 смртни случаи.

“Ако овој тренд продолжи, прекумерната тежина ќе го надмине пушењето како главен причинител на смртните случаи во САД. Треба да сториме нешто за двата проблема. Како нација, навикнати сме да ги почитуваме заканите од епидемии од инфективни болести, но исто така треба да се однесуваме и кон кон овие проблеми. Цигарите и прекумерната тежина се навистина проблеми кои треба да се сметаат за епидемија“, смета госпоѓа Гербердинг.

На двете заедно, всушност, им се припишува една третина од сите смртни случаи во САД, велат во Центарот за контрола на болести.

Сепак, во САД, пушењето е навика која се напушта, додека прекумерното конзумирање на храна и неактивноста се шират се повеќе. Американската медицинска асоцијација вели дека две третини од возрасните Американци се со прекумерна телесна тежина. Неодамнешната студија објавена во списанието Архива на интерна медицина, покажува дека прекумерната тежина ја чини земјата 90 милијарди долари годишно и 300.000 предвремени смртни случаи.

Д-р Гербердинг и другите високи претставници на американското здравство најавија национална програма за со која Американците ќе се предупредат на опасноста од овој проблем. Програмата вклучува рекламна кампања, како и мерки за мотивирање на локалните заедници да почнат со фитнес програми. За справување со проблемот на пушењето, Агенцијата за следење на болестите, ја проширува својата телефонска линија за помош за оние кои се обидуваат да го остават пушањето.

“Ги преземаме сите неопходни чекори за справување со проблемот со пушењето и прекумерната тежина и другите превентивни причинители на смртноста. Меѓу другото сметаме дека училиштата треба да имаат поголема улога во насочување на децата кон физичка активност и избор на поздрава храна“, вели д-р Гербердинг.

Како своевидно признавање на постоењето на епидемија на прекумерна тежина во САД, синџирот ресторани за брза храна Мекдоналдс, неодмана соопшти дека постепено ќе ги повлекува од своето мени најголемите порции од рестораните во САД.

XS
SM
MD
LG