Линкови за пристапност

Надворешната политика и безбедноста во центарот на претседателската кампања - 2004-03-09


Претседателот Буш и натаму покренува прашања за ставовите на господинот Кери во однос на националаната безбедност.

Зборувајќи во Далас, пред поддржувачите на настан за собирање средства за капањата, претседателот кажа дека кон средината на 90-те години, сенаторот Кери предложил да се намали буџетот на агенциите за разузнавање.

Господинот Буш предлогот го опиша како „мошне неодговорен“.

“Повторно, сенаторот Кери се обидува да ги има и двете работи. Тој се залага за добро разузнавање, а во исто време и за големо намалување на буџетот на разузнавачките служби и тоа не е начинот да се води земјата во време на војна“, кажа претседателот Буш.

Во соопштението од кампањата на господинот Кери се вели дека Демократот од Масачусетс во 1995-та година, бил за тоа да се намали буџетот на разузнавачките агенции, поради тоа што средствата во голем дел би биле насочени кон организации кои имале склучено договори со Одделот за одбрана, а не би оделе за разузнавачките агенции. Во соопштението се наведува и дека сенаторот Кери оттогаш го поддржал зголемувањето на трошоците на разузнавачките агенции за 50 проценти.

Сенаторот Кери пред своите поддржувачи во Флорида кажа дека одделни странски лидери приватно му рекле дека сакаат тој да го порази актуелниот претседател на изборите во ноември.

На кампањата во Флорида, сенаторот Кери го повтори својот критички став во однос на надворешната политика на господинот Буш и за начинот на кој тој јка води војната против тероризмот.

“Треба да знаете кои се тие, каде се, што планираат да сторат и да биде способни да ги фатите пред тие да не фатат нас. Начинот на кој тоа ќе се направи е преку разузнавање, човечко разузнавање, најдоброто разузнавање што сме го имале во соработка со другите земји од светот, нешто што оваа администрација го прави на најлош начин во споредба со која и да е администрација во поновата историја на оваа земја“, рече сенаторот Кери.

Некои Републиканци предвидуват нескрупулозна кампања по овие прашања. Сенаторот од Аризона, Џон Мекејн, кој за загуби од претседателот Буш во предизборите во 2000-та, вели дека очекува, цитираме, „досега најбескрупулозна кампања од обете страни“ во овогодишната трка за Белата куќа.

XS
SM
MD
LG