Линкови за пристапност

Аристид повикува на отпор кон меѓународните мировници  - 2004-03-08


Соборениот претседател на Хаити Жан Бертран Аристид денеска инсистираше дека се уште е лидер на Хаити и повика на мирен отпор кон, како што ја нарече, окупацијата на неговата земја.

Една недела по пристигнувањето во Банги во Централно Африканската Република. Господинот Аристид ги повика жителите на Хаити мирно да пружат отпор на странската окупација на нивната татковина.

Тој зборуваше на прес конференција во Банги, каде ја повтори изјавата што медиумите ја објавија порано денеска дека тој сеуште е избраниот претседател на Хаити и побара реставрација на демократијата во неговата земја.

Неговиот адвокат, Гилберт Колард, претходно кажа дека лидерот на Хаите кој е во егзил немал слобода на движење ниту јавно да зборува.

Тој вели дека господинот Аристид бил држен како затвореник во една вила што се наоѓа на локација на претседателската палата во Банги и не му е дозволено ниту слободно да излезе од таму ниту пак да зборува со некого.

Адвокатот исто така кажа дека господинот Аристид продолжува да инсистира дека нема да ја напушти функцијата претседател на Хаити.

Тој вели дека господинот Аристид не дал оставка, туку дека оставил белешка која вели - ако со негово заминување ќе се спречи крвопролевање тогаш е расположен да замине, но дека нема намера да ја предаде власта на странска сила.

Адвокатот кажа дека господинот Аристид има намера да се врати во Хаити и во претседателската палата.

Не е јасно дали на господинот Аристид ќе му биде дозволено да остане трајно во Централната Африканска Република.

XS
SM
MD
LG