Иранецот Мосен Мофиди неодамна почина, наводно откако добил осум удари со кожен гајтан како официјална казна. Според групата за човекови права Амнести Интернешенел, господинот Мофиди бил обвинет за поседување на сателитска антена и лек што содржел алкохол. Амнести Интернешенел вели дека тој исто така бил обвинет за одобрување на таканаречена “корупција“ затоа што неговите сестри наводно имале момчиња. Пред тепањето, господинот Мофиди бил четири месеци во затвор каде што се разболел. Тепањето продолжило и покрај неговата болест.
Во последниот извештај на американскиот Стејт Департмент се вели дека непочитувањето на човековите права од страна на иранската влада уште повеќе се влошило. Во извештајот се наведува смртта на Зара Каземи, иранско-канадски фотограф, во јули 2003-та, додека била во притвор. Таа била убиена со удар во главата откако била уапсена додека го фотографирала затворот Евин во Техеран. Мачењата на затворениците од страна на иранските безбедносни сили се многу чести.
Многу од стотиците про-реформски демонстранти биле уапсени во јуни 2003-та. Многу ирански политички активисти, лидери на студентите и новинари се во затвор. Исто така се јавува и за политички убиства.
Лорна Кранер е американски помошник државен секретар за демократија, човекови права и труд: „Има уште едно прашање што се обидуваме да го завршиме како во Генералното собрание на ОН така и во Комисијата за човекови права. Канада предложи резолуција за Иран во која се осудуваат овие видови на дејства во Иран, минатата есен во Генералното собрание“.
Усвојувањето на оваа резолуција во Генералното собрание на ОН испраќа јасна порака дека луѓето во светот ја разбираат ситуацијата на иранскиот народ. Господинот Кранер кажа дека САД заедно со другите земји работат на тоа иранскиот теократски режим да се смета за одговорен за кршењето на човековите права.
Иранскиот народ јасно стави на знаење дека сака промени. Но назначениот Совет на заштитници стави вето на повеќето реформистички закони. Оваа година, Советот отиде уште подалеку: дисквалификуваше над две илјади кандидати од контролираните парламентарни избори, вклучувајќи и многу пратеници кои беа за реформи. Како реакција, рекорден број на Иранци ги бојкотираа изборите.