Линкови за пристапност

Ирак доби привремен устав  - 2004-03-08


На почетокот на церемонијата на потпишувањето на привремениот устав, група деца, кои го претставуваат новиот дух на ирачката нација пееја за мир и надеж.

Актуелниот претседател на Ирачкиот владејачки совет, Мохамед Бахр ал Улум, го поздрави потпишувањето на документот, нарекувајќи го историски настан. Шиитскиот свештеник зборуваше за 181 лице, кои загинаа минатата недела во бомбашките напади во Багдад и Карбала на шиитскиот празник Ашура, истакнувајќи дека стотиците биле жртви на злити сили кои се обиделе да го забават политичкиот процес.

Тој кажа дека патот кон нов Ирак започна со падот на режимот на Садам Хусеин, а ќе биде крунисан со враќање на суверенитетот на ирачкиот народ.

Во новиот устав се признаваат основните права на сите сегменти на ирачкото општество и повикува на демократија и плурализам во новата федерална република Ирак. Жените ќе бидат застапени во власта, исламот ќе биде официјална религија на државата и извор на законодавството, а Курдите ќе ја задржат основната автономија на северот на земјата.

Курдскиот лидер Масуд Барзани говореше за нападте со хемиско оружје од страна на Садам Хусеин во 1988 година, во кои загинаа илјадници Курди.

Тој вели дека за првпат Курдите чувствуваат дека се еднакви пред законот.

Иако некои го поздравуваат привремениот устав бидејќи со него им се дава глас на сите етнички и верски групи во Ирак, многумина од заинтересираните страни велат дека тој не оди доволно далеку.

Курдите се надеваа на поголеми гаранции за автономија, за поделба на приходите од нафтата и за територијално проширување. Шиитите вршеа притисок за исламот да биде главен извор на државното законодавство.

Највисокиот американски претставник во Багдад, Пол Бремер изјави дека уставот го одразува компромисот, неопходен за демократија.

Потпишувањето на документот беше двапати одложено, прво поради бомбашките напади во Багдад и Карбала минатиот вторник, а вториот пат во петокот, кога шиитските лидери се двоумеа околу правото на вето за Курдите.

XS
SM
MD
LG