Линкови за пристапност

Интервју со Ентони Принсипи, секретар на американскиот Оддел за ветерани - 2004-03-05


Глас на Америка: Секретаре Принсипи, денеска Македонија му кажа последно збогум на претседателот Трајковски. Како предводник на американската делегација на погребот, какви се Вашите впечатоци од денешниот ден и овој тажен повод?

Ентони Принсипи: Тоа беше еден од најтрогателните и најдостоинствените погреби на кои сум имал можност да присуствувам. Верувам дека тоа беше одраз на голамата љубов и восхитување, не само од страна на народот на Македонија, туку и од страна на лидерите од светот кои дојдоа да кажат збогум и еден начин да се одбележи неговиот живот. Претседателот Буш многу го почитуваше и ми говорше за починатиот претседател и за тоа што значеше за овој дел од светот, за Балканот, човек со големо чувство за севклучителност, кој имаше визија за воспоставување на демократските идеали за сите луѓе, човек со чувство на севклучителност, а не за поделби, кој градеше држава врз основа на мултиетничко заедништво и цврстина. Неговата загуба секако ќе се почитува, но неговото дело ќе продолжи да живее за наредните генерации. Иако лично го немав сретнато, за мошне кусо време почнав да се восхитувам на неговата црвстина на карактер и на тоа што го оставил. Тоа во исклучителна мерка говори за него како за храбар државник кој бил подготвен да ги стори неопходните нешта за да ја изгради државата.

Глас на Америка: Премиерот Црвенковски, говорејќи на погребот кажа дека оној кој ја знае Македонија и Македонците, знае дека овој трагичен настан само ќе ја направи Македонија посилна како држава.. Какво е Вашето мислење за тоа?

Ентони Принсипи: Верувам дека тоа веројатно е точно. Мислам дека народот на Македонија увиде дека тој беше голем водач и дека она што им го велеше на луѓето, не само во оваа држава, туку и во САД, како и почитта што ја доби од претседателот Буш, ќе продолжат да живеат, дека тоа ќе биде неговото наследство и дека од оваа трагедија ќе произлезе уште подобра иднидна. Така, неговите остварувања на многу начини ќе продолжат да живеат. Се надеваме дека наредниот претседател избран на слободни избори од народот на оваа држава, ќе надоградува на тие остварувања.

XS
SM
MD
LG