Линкови за пристапност

Соработката со Хаг - клучна за продолжување на американската помош за Србија - 2004-03-05


Секретарот Пауел добро го познава господинот Коштуница кога тој беше претседател на Југославија. И овдешните власти велат дека тие пријателски разговарале за идните односи меѓу САД и новата федерација Србија и Црна Гора.

Господинот Коштуница во средата ја презеде функцијата премиер, со што беше завршен долгиот процес на формирање на владат по изборите во декември.

Тој се смета за умерен националист, но опстанокот на неговата малцинска влада ќе зависи од гласовите на српската Социјалистичка партија, инаку радикално движење на неговиот претходник, југословенскиот претседател Слободан Милошевиќ, кому сега му се суди во Трибуналот во Хаг за воени злосторства на Балканот.

На прес-конференција, портпаролот на Стејт Департментот, Ричард Баучер кажа дека администрацијата на Буш е заинтересирана за соработка со новата српска влада, но дека тоа ќе зависи од нејзините потези за прашања како политичките реформи, спроведувањето на законите и соработката со трибуналот.

Тој рече дека со оглед на минатата соработка со партнерите во владата на господинот Коштуница, нема големи очекувања, но американските власти се подготвени да бидат пријатно изненадени.

“Мислам дека не можам да го коментирам составот на владата, освен дека навистина зависи што ќе сторат. Го знаеме минатото на некои од тие партии, особено на Социјалистите и нивната поврзаност со Милошевиќ. Знам дека тоа е причина што многу политички коментатори ни велат да не очекуваме многу. Но мислам дека мора да видиме што ќе стори владата за важни прашања, како реформите, влладеењето на законот и соработката со трибуналот“, кажа господинот Баучер.

Господинот Баучер рече дека за администрацијата на Буш тоа не е само прашање на политиката, туку и на законот, затоа што господинот Пауел според акт на Конгресот треба до крајот на овој месец да извести дали соработката на Србија со Трибуналот во Хаг е доволна за да продолжи да добива американска помош.

Се работи за околу 100 милиони долари билатерална помош и меѓународни заеми со цел да се помогне повоената обнова на Србија.

Господинот Коштуница е долгогодишен противник на меѓународниот Трибунал и вели дека на српските воени злосторници треба да им се суди во земјата. Тој вели дека воените злостортсва не треба да бидат приоритет на неговата влада, со оглед на се поголемите социјални тензии и економски проблеми.

XS
SM
MD
LG