Линкови за пристапност

vesti 4 - 2004-03-04


Јемен-Ал-Каида

Властите во Јемен велат дека безбедносните сили уапсиле две лица кои се опишуваат како високи членови на терористичката мрежа Ал-Каида.

Лицата се меѓу околу 10-те милитанти кој доцна синоќа се уапсени во рација во планиснки регион на околу 200 километри јужно од главниот град на Јемен, Сана. Јеменските власти ги идентификувале двете лица како Сајед Имам Ал Шериф, поранешен лидер на Египетскиот Исламски Џихад и Абдул Рауф Насиб, Јеменец кој е опишан како еден од највлијателните претсатвници на Ал Каида во Јемен. Апсењата доаѓаат во време на интензивираната потрага на јеменските сили за безбедност по милитантите, по обновените закани за терористички напади.

Германија-Судење

Германскиот Врховен суд нареди нов судски процес за единствениот обвинет за поврзаност со терористичките напади од 11-ти септември 2001 во САД.

Судот во градот Карлсруе денеска ја објави одлуката со која се поништува претходната пресуда со која Мунир ел Мотасадек е осуден на 15 години затвор. Неговите адвокати тврдат дека првичното судење не било фер, истакнувајќи дека не им бил дозволен пристап до главниот сведок Рамзи Биналшиб, кој е во американски притвор. Обвинетиот призна дека ги познавал членовите на ќелијата на Ал-Каида во Хамбург кои ги планирале терористичките напади. Но тој инсистира дека не знаел за заговорт да се урнат патнички авиони во Светскиот трговски центар во Њујорк и во Пентагон во Вашингтон.

Ирак

Ирачката полиција соопшти дека три лица загинале во минофрлачки напад во близина на телефонска централа во Багдад.

Трите лице се наоѓале во автомобил што бил погоден со граната, но не се знае дали целта на нападот била телефонската централа. Вчера беше извршен напад врз телефонска централа во друг дел на градот по што меѓународните разговори во ирачкиот главен град беа прекинати, но веќе се обновени. Овие инциденти ги зголемуваат стравувањата дека бунтовниците ги засилуваат нападите врз ирачката инфраструктура, што се обновува со помош на коалицијата предводена од САД.

Хаити

Во главниот град на Хаити повторно се отвораат продавниците а луѓето се вратија на улиците, каде што патролираат американски и француски сили во обид да воспостават ред.

Маринците во воена опрема во оклопни возила патролираат низ Порт-о-Принс по крвавите борби меѓу бунтовниците и лојалистите на поранешниот лидер Жан-Бертран Аристид. Под американски притисок водачот на бунтовниците Гај Филип кажа дека денеска ќе почне со разоружување на неговите сили. Привремената влада на Хаити прогласи вонредна состојба за да помогне во стабилизација на земјата по ненадејното заминување и оставка на господинот Аристид во неделата.

Иран-Нуклеарна програма

Висок американски претставник вели дека САД нема да побараат Иран да биде предложен на Советот за безбедност на ОН за можни санкции околу својата нуклеарна програма.

Сепак, државниот подсекретар за контрола на вооружувањето, Џон Болтон вели дека меѓународниот притисок врз Иран мора да продолжи за да се присили оваа исламска република да излезе на чисто со своите нукларни активности. Бордот на Меѓународната агенција за атомска енергија на 8-ми март треба да се состане и да ги разгледа извештаите за нуклеарните програми на Ирна и на Либија. Во извештајот за Иран се вели дека инспекторите откриле дека во земјата е вршено чувствително нуклеарно истражување како и опрема што Техеран не ја вклучил во пријавувањето на својата нуклеарна програма минатата година.

Северна Кореја-Разговори

Вашингтон Пост објави дека администрацијата на Буш става на знаење дека го губи трпението во обидите Северна Кореја да ја уништи својата програма за нуклеарно оружје.

Весникот пишува дека претседателот Буш на американските преговарачи им дал упатство тоа да го соопштат на повеќестраните разговори во Пекинг минатата недела. Вашингтон Пост додава дека директивата на господинот Буш уследила откако Кина побарала поголема флексибилност на сите учесници во преговорите. Дипломатите што ги цитира весникот изјавиле дека пораката од Вашингтон е спротивна на изјавите на порпаролот на администрацијата дека е постигнат напредок на преговорите. Северна Кореја тврди дека САД се виновни затоа што немало напредок.

XS
SM
MD
LG