Линкови за пристапност

Елизабет Џонс: „Ќе сториме се за да обезбедиме дека проблемите во Македонија од пред пред три години нема да се повторат како резултат на трагичната смрт на претседателот Трајковски“ - 2004-03-03


Госпоѓата Џонс која е помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања, сведочејќи во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес за американските приоритети во Европа, му оддаде признание на трагично загинатиот македонски претседател Борис Трајковски за неговата повеќегодишна работа, нарекувајќи го „цврст лидер кој напорно работеше за приближување на заедниците по кризата пред три години“.

„Ние тесно ќе соработуваме со премиерот и со другите за да обезбедиме што е можно повеќе гаранции дека проблемите што беа пред три години нема да се повторат како резултат на трагичната смрт на претседателот Трајковски“, вели Џонс.

Таа рече дека нема сомнение оти претседателот Трајковски многу ќе недостасува. За американскиот ангажман по веста за несреќата, таа кажа дека неколку часа по трагедијата, американскиот амбасадор во Скопје Лоренс Батлер стапил во контакт со Али Ахмети и претставници на другите заедници во Македонија.

Помошникот државен секретар посебно потенцираше дека периодот до изборите ќе биде многу значаен за да се обезбеди продолжување на кохезијата. Во тек се разговори со претставници на ОБСЕ и ЕУ за напорите кои треба да се преземат, и за финансиската соработка што треба да се обезбеди за различни аспекти на подготовката на изборите, кажа госпоѓа Џонс.

На сослушувањето говореше и Кенет Хил, помошник администратор на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) за Европа и Евроазија, кој се задржа на Актот за поддршка на источно-европските демократии од 1989 година. Тој рече дека од 2003 година се забележува трендот на намалување на делот од финансискиот колач на УСАИД од вкупниот буџет, така што за фискалната 2005 година, најголеми намалувања има во средствата наметеи за Хрватска, Македонија и Црна Гора.

XS
SM
MD
LG