Линкови за пристапност

Претседателот Буш ги поздрави француските и бразилските напори за стабилизирање на Хаити - 2004-03-03


Портпаролот на Белата куќа, Скот Меклилан вели дека претседателот Буш му телефонирал на својот бразилски колега Луиз Инацио Лула да Силва при што било разговарано за натамошната соработка меѓу двете земји за враќање на мирот и демократијата во Хаити.

Господинот Буш разговарал и со францускиот лидер Жак Ширак за да го изрази своето почитување за француската политичка и воена поддршка во Хаити.

Портпаролот на господинот Ширак соопшти дека францускиот претседател, на господинот Буш му кажал оти е задоволен од квалитетната соработка и за релативно безболното заминување на претседателот Жан Бертранд Аристид од функцијата.

Портпаролот на Белата куќа, Меклилан, повторно ги отфли тврдењата на господинот Аристид дека администрацијата на Буш го присилила да ја напушти функцијата, велејќи дека американската Влада му го спасила живот со тоа што на негово барање, му помогнала да замине во егзил.

„Мислам дека апсурдните обвинувања што некои ги повторуваат, не прават ништо добро за народот на Хаити и не помагаат да се надмине овој тежок период“, истакнува Меклилан. /// END ACT ///

Тој го обвини Аристид за повеќето од проблемите во Хаити.

XS
SM
MD
LG