Линкови за пристапност

Американски агенти на европските и азиските аеродроми? - 2004-03-02


Според овој план, американските инспектори би имале надлежност за проверки на патниците на некои од најголемите европски аеродроми, како што се лондонски Хитроу, оној во Франкфурт и јапонскиот Нарита, пред тие да се качат во американските авиони.

Во време кога претставници на американското разузнавање тврдат дека Ал Каида се уште работи на планирање на напад врз САД, шефот на Американската царина Роберт Бонер за Гласот на Америка изјави дека целта би била подобро откривање на фалсификувани пасоши и други документи за патување, нешто што според него, безбедносните власти на аеродромите во странство се помалку оспособени да го сторат.

“Реалноста е дека тие немаат онаква обука за откривање на фалсификувани или копирани пасоши, каква што имаат инспекторите од Американската царина за заштита на границите“, вели господинот Бонер.

Од Божиќ наваму, десетина трансатлантски летови беа откажани, поради загриженост од можен тероризам, вклучувајќи ги и сомнежите за лица кои имале резервации.

Доколку другите земји се согласат на тоа, оваа зголемена проверка на патниците ќе значи проширување на надлежностите на Американската влада на странска очва во име на домашната бебзедност. Американските цариници со години делуваат во Канада, но можно е предложениот план да не наиде на одобрување кај некои европски влади.

“Ваквите мерки веќе се применуваат на европските аеродроми“, вели господинот Бредбери.

Во Брисел, Џејмс Бредбери од Меѓународниот совет за аеродроми, трговска индустриска група, не знае зошто САД мислат оти во Европа е потребна оваа дополнителна безбедност.

“Дали тие само сакаат да влеат дополнителна сигурност кај американските патници со нивното присуство таму, или велат дека немаат доверба во европските безбедносни стандарди“, вели господинот Бредбери.

Но планот мора прво конечно да биде одобрен во САД. Комесарот за царини Бонер вели дека досега нема отпор од страна на Европа.

“Другите земји како Велика Британија, Холандија, Австрија и Канада веќе го прават тоа“, информира Бонер.

Програмата за зајакнување на проверките на патниците е правена по примерот на една веќе постоечка, каде американските агенти распоредени на странска почва вршат инспекции на товар наменет за САД, пред да ги напушти пристаништата.

XS
SM
MD
LG