Линкови за пристапност

Буш: Трајковски покажа голема храброст водејќи ја својата земја - 2004-02-27


Портпаролот на Белата куќа, Скот Меклилан денеска ја прочита изјавата на американскиот претседател Џорџ Буш по повод трагичната смрт на македoнскиот претседател, Трајковски. “Лора и јас жалиме за смртта на претседателот на Македонија, Борис Трајковски, почитуван лидер и пријател на САД. Во име на американскиот народ изразувам сочуство на семејството на претседателот Трајковски и на македонскиот народ. Трајковски покажа голема храброст водејќи ја неговата земја од работ на граѓанска војна кон мир, со потпишување на Охридскиот рамковен договор. САД силно ја поддржуваат визијата на претседателот Трајковски за мултиетничка, демократска Македонија, со мир во неа и во мир со нејзините соседи и на патот кон целосно зачленување во трансатлантската заедница“, се вели во изјавата со сочуство на американскиот претседател Џорџ Буш.

XS
SM
MD
LG