Двомоторниот авион со кој патувал претседателот Борис Трајковски се урна вчера во услови на густа магла во планинскиот регион во близина на Мостар. Авионот се урнал сред минско поле, а неговите остатоци биле откриени денеска. Дури и пред хеликоптерот денеска да ги лоцира остатоците од авионот, македонските власти изјавија дека се претпоставува оти сите кои биле во авионот, претседателот, шестмината советници и двајцата пилоти загинале.