Линкови за пристапност

Реакција на американскиот Стејт департмент по трагичната смрт на македонскиот претседател Борис Трајковски - 2004-02-26


„Бев шокиран и тажен од веста за трагичната смрт на претседателот Борис Трајковски. Тој беше човек кого го познавав и му верував, почитуван колега и пријател“. Вака американскиот државен секретар Колин Пауел го окаратеризира македонскиот претседател Борис Трајковски по веста за уривањето на авионот со кој претседателот Трајковски требаше да слета во Мостар.

„Претседателот Трајковски беше исклучителен лидер за сите граѓани на Македонија. Тој ги поседуваше најдобрите особини на мудрост и сочувствителност. Повеќе од кој било друг лидер тој ги применуваше овие особини во владеењето со неговата земја и го извлече народот од Македонија од криза и поделби кон опоравување и толеарција. Многу ќе ни недостасува, но тој зад себе остави наследство на американско-македонско пријателство што никогаш не било поцврсто. Ќе го паметиме преку неговата политика на помирување во зејмата и според неговите напори за промовирање на интеграцијата на Македонија во евроатлантската заедница. Изразувам најдлабоко сочувство до сопругата на претседателот Трајковски, Вилма, ќерката Сара, синот Стефан, до останатите членови на семејстото и пријателите и до народот на Македонија во овој трагичен момент“, се вели во реакцијата на секретарот Пауел.

Господинот Пауел изјави дека денеска телефонски разговарал со вршителот на должноста претседател Љупчо Јордановски, кому му изразил сочувство во име на претседателот Буш и американскиот народ.

„Кога станав државен секретар во јануари 2001-ва година, едно од првите прашања со кои морав да се зафатам беше Македонија. Со текот на годините станавме добри пријатели со претседателот Трајковски и заедно работевме на решавање на проблемите во Македонија до ниво на кое Македонија е на здрава основа, а Европската унија ќе го заменува НАТО во обезбедувањето дополнителна поддршка за земјата“, кажа американскиот државен секретар.

XS
SM
MD
LG