Линкови за пристапност

Најнови вести 26 февруари 2004 - 2004-02-26


Ирак-избори-реакции

Највлијателниот шиитски муслимански лидер на Ирак кажа дека сака ОН да гарантираат дека изборите за суверена ирачка влада ќе бидат одржани до крајот на годината.

Великиот Ајатолах Али ал-Систани вели дека сака да биде сигурен оти нема да има дополнителни одлагања на изборите. Тој претходно побара гласање пред трансферот на власта на 30 јуни од коалицијата предводена од САД на ирачката влада, но ОН кажаа дека тоа не е изводливо. Изјавата на Ајатолахот Систанииндицираше дека ќе прифати неизбрана привремена влада со ограничена моќ, но не кажа како таа би била составена.

Британија-ОН-шпионска афера

Портпаролот на генералниот секретар на ОН, Кофи Анан, кажа дека доколку се докаже дека се точни извештаите за шпионирање од страна на Британците на лидерот на ОН пред војната во Ирак, тоа ќе се смета за нелегално.

Портпаролот Фред Екхарт на новинарите им кажа дека прислушувањето би можело да го поткопа интегритетот и доверливоста на дипломатската размена. Тој ја коментираше изјавата на поранешниот секретар за меѓународен развој Клер Шорт за британското радио кажа дека читала транскрипти од приватни разговори на господинот Анан пред да ја напушти функцијата по војната минатата година. Таа кажа дека тие транскрипти биле добиени по незаконски пат при што биле користени апарати за прислушување на канцеларијата на генералниот секретар. Северна Кореја-САД-обвинувања

Северна Кореја ги обвини САД за попречување на напредокот на мулти-националните разговори за нуклеарната програма на Пјонгјанг.

Севернокорејскиот амбасадор во Кина, Чо Јин Су, обвинувањето го искажа пред новинари собрани денеска пред амбасадата на неговата земја во Пекинг. Господинот Чо кажа дека САД остануваат на нивната тврда позиција на разговорите, и побара крај на, КАКО ШТО РЕЧЕ, Бушовата непријателска политика спрема Северна Кореа. САД бараат целосно и проверливо завршување на сите севернокорејски нуклеарни активности. И покрај острите зборови од Северна Кореја, американскиот државен секретар Колин Пауел денеска пред сенатската комисија во Вашингтон, изјави дека дводневните разговори во Пекинг се ветувачки.

САД-Либија

САД ја укинаа забраната за американските граѓани за патување во Либија, што е голем чекор кон нормализирање на односите со владата во Триполи.

Портпаролот на Белата куќа кажа дека овој потег е реакција на одлуката на Либија да се откаже од напорите за производство на оружје за масовно уништување. Тој рече дека укинувањето на забраната за патување има за цел да и помогне на Либија да “создаде основа“ за економски растеж и повторен влез во меѓународната заедница. Со укинувањето на забраната американските нафтени компании ќе можат да одат во Триполи за да преговараат за зделки пред да се реализира американскиот план за укинување на трговските санкции што беа воведени во средината на 80-те.

Хаити-закан за напад врз главниот град

Водачот на бунтовниците на Хаити кажа дека тие се подготвени да го нападнат главниот град Порт-о-принс доколку претседателот Жан Бертран Аристид не поднесе оставка.

Водачот на бутовниците Гај Филип ги предупреди жителите на Порт-о-принс да останат во своите домови. Тој рече дека борците директно ќе се упатат кон националната палата за да го уапсат господинот Аристид доколку тој не поднесе оставка. Вооружени милитанти лојални на господинот Аристид поставиле барикади околу главниот град во обид да го спречат нападот. Во меѓувреме, Советот за безбедност на ОН одржува вонредна седница за кризата во Хаити. Француски дипломати ги предводат дипломатските напори со барање за оставка на господинот Аристид и за распоредување на меѓународни полициски сили кои би помогнале во воспоставување на редот.

XS
SM
MD
LG