Линкови за пристапност

Македонскиот претседател Борис Трајковски загина во авионска несреќа во Босна - 2004-02-26


Босанската полиција информираше дека не пронашла преживеани во остатоците од авионот на оддалеченост од околу 80 километри од Сараево. Претставниците на НАТО изјавија дека мировниците се уште не стигнале до местото на несреќата што се наоѓа во непристапен предел, кој исто така е можно да е миниран. 47-годишниот претседател на Македонија беше на пат за Конференцијата за инвестирање во Босна, што се одржува во Мостар. Во Вашингтон, американскиот државен секретар Колин Пауел ја истакна големата улога на господинот Трајковски во справувањето на етничкото насилство во Македонија пред три години. Тој изрази зочуство во име на претседателот Буш и американскиот народ во телефонскиот разговор со Љупчо Јордановски, кој сега ја извршува функцијата претседател. Во меѓувреме, ирскиот премиер Берти Ахерн чија земја се наоѓа на ротирачкото претседателство на ЕУ му изрази сочуство до македонскиот премиер Бреанко Црвенковски, кој беше во Ирска со цел формално да ја поднесе македонската апликација за членство во ЕУ. Официјалните лица ја откажаа церемонијата и г-динот Црвенковски ја прекина посетата.

XS
SM
MD
LG