Линкови за пристапност

Голема операција против терористите на ал-Каида во Пакистан - 2004-02-25


Пакистанската армија не го потврди бројот на странците уапсени во вчерашната акција но официјалните претставници потврдија дека имало барем неколкумина странци меѓу уапсените 20 до 25 милитанти.

Портпаролот на армијата генерал-мајорот Шаукат Султан Кан вели дека во групата имало неколку жени и дека испрашувањето започнало.

Тој не можеше да ги потврди локалните извештаи дека уапсените жени поседувале Казахстански пасоши.

Тој вели дека операцијата во племенската област Јужен Вазиристан што се граничи со Авганистан, била заснована на информација од информант, а не била производ на регуларно собирање на разузнавачки материјал.

“Тоа не беше потврдена разузнавачка информација, туку акција по доставен податок, и армиjaта успеа да дојде до странците. А нивното присуство беше потврдено со кај нив пронајдените документи и пасоши“, кажа господинот Султан.

Генералот додаде дека сите осомничени биле фатени во куќа која припаѓала на локалните Вазири. Домот подоцна бил разурнат како казна за пружање засолниште на осомничените.

Генералот Султан не зборувал за плановите за идни операции, но официјални лица велат дека има уште осомничени кои останале на слобода во областа. Се смета дека воената акција во Вазиристан е поврзана со потрагата по членови на ал-Каида кои се во бегство, вклучително и по нејзиниот лидер Осама бин Ладен.

Американски официјални лица неодамна кажаа дека потрагата по бин Ладен е интензивирана и дека се верува оти тој се крие некаде по должина на авганистанско-пакистанската граница.

Од Пакистан потврда за повраноста на акцијата со таа цел и за соработката со американските сили не е добиена.

Но портпаролот на американската армија, потполковникот Мет Биверс ја пофали операцијата од вторникот и кажа дека американската команда тесно соработува со Пакистанците.

“Јасно е дека коалиционите сили ги поддржуваат напорите на пакистанската армија во племенските области под федерална администрација.... Мислам дека нивото на нашата соработка е мошне високо“, кажа полковникот Биверс.

Тој додаде дека американските сили сеуште се во потрага по бин Ладен и другите лидери на ал Каида.

XS
SM
MD
LG