Линкови за пристапност

Пакистан:Убиства за одбрана на честа - 2004-02-24


Дали во Пакистан ќе преовлада доблесноста или бруталноста? Ова прашање го покрена претседателот Первез Мушараф во врска со таканаречените „убиства од чест“. Како и во другите земји во Јужна Азија, Блискиот Исток и на други места, стотици Пакистанки се жртви на убиства поради верувањето дека нивното однесување донело срам за нивните семејства. Жените може да бида убиени, бидејќи се омажиле без дозвола од нивните родители, заради тоа што биле силувани, или заради тоа што имале вонбрачана афера, па дури и заради сомневање дека имаат вонбрачна афера. Убиствата обично ги вршат машките членови на семејствата.

Претседателот Мушараф вели дека лицата на јавни функции и сите Пакистанци воопшто треба да се откажат од своите негативни претстави и директно да се справат со овие криминални дела.

„Сакам да го повикам овој народ, да го повикам населението на Пакистан да покренува судски постапки, да се појавува како сведок, за да покажеме дека ние сме толерантно, напредно, образовано општество и дека не толерираме убиства од чест“, рече г-динот Мушараф.

Пакистанските жени се надеваат дека со неодамнешната одлука на Врховниот суд, убиствата од чест нема да се случуваат толку често како и дека ќе биде полесно кривично да се гонат сторитетелите. Во декември, пакистанскито Врховен суд пресуди дека доколку сака, жената може да се омажи и за тоа не и е потребна дозвола од нејзините родители или нејзиниот законски старател.

Прецизното спроведување на пакситанските закони е неопходно за да се спречат убиствата од чест. Но, вели претседателот Мушараф, потребна е и промена во однесувањето.

„Мора да се справиме со сите сторители на убиствата од чест, и тоа најостро, со сите сили што и стојат на располагање на владата. Но, тоа не е обврска само на еден човек. Тоа е проблем во однесувањето на целото пакистанско население и сакам да ги повикам пакистанските мажи да покажат доблест“рече пакистанскиот претседател, .

Постои надеж дека овие зборови ќе допрат до Пакистан и до другите земји каде убиствата од чест и натаму претставуваат сериозен проблем, вклучувајќи ги тука Бангладеш, Индија, Јордан, Египет, Турција, Јемен и Ирак. Сите луѓе, како мажите, така и жените, заслужуваат подеднаква заштита според законот.

XS
SM
MD
LG