Синоќешниот говор е досега најполитички обоениот во кампањата на претседателот Буш за повторен избор на функцијата. Говорејќи пред гувернерите на федералните држави кои доаѓаат од редовите на Републиканската партија, тој најави дека гласачите ќе имаат мошне едноставен избор на денот на гласањето:
„Тоа е избор меѓу Америка која го води светот со цврстина и самоувереност, или Америка која е несигурна пред опасностите“, рече американскиот претседател.
Претходно во Њујорк, сенаторот Кери кажа дека претседателот ја започнал кампањата порано отколку што било планирано, затоа што е загрижен за неговите шанси за повторен избор.
„Џорџ Буш е во офанзива бидејќи ќе загуби на изборите и ја започнува неговата кампања официјално вечерва, уште пред да имаме одредено кандидат од Демократската партија“, истакна сенаторот Кери.
Последниве неколку недели демократските кандидати континуирано го критикуваат претседателот во врска со начинот на кој раководи со земјата, и тоа се одрази на намалување на неговиот рејтинг во истражувањата на јавното мислење. Покрај заострување на реториката, кампањата на Буш ќе возврати со серија телевизиски спотови во вредност од неколку милиони долари, што ќе почнат да се емитуваат идната недела.