Линкови за пристапност

Претседателот Буш ги изложи точките од неговата кампања за реизбор - 2004-02-23


Претседателот кажа дека бездруго не може да се негира оти политиката ќе застане на пат на изборната година.

„Сосема ми е јасно дека ова ќе биде година на туркања без пардон и остар јазик. Но, ви ветувам дека ќе продолжиме да соработуваме со вас“, рече г-динот Буш.

Во говорот во Белата куќа пред Националната асоцијација на гувернери, господинот Буш ги акнцетираше темите од неговата кампања за повторен избор на претседателската функција. Тој кажа дека Америка се соочува со големи предизвици, како дома така и во странство.

Тој оцени дека економијата се движи во вистинска насока, иако, како што забележа, треба уште многу да се стори. Тој исто така зборуваше за војната против тероризмот и за американската улога во Ирак.

Господинот Буш повторно ја бранеше како оправдана одлуката да се преземе воена интервенција во Ирак, иако таму не е пронајдено оружје за масовно уништување, за кое американската администрација пред војната тврдеше дска постои. Тој кажа дека има многу докази оти ирачкиот лидер Садам Хусеин претставувал закана, нагласувајќи дека неколку по ред американски влади биле на исто мислење за тоа.

„Мојот претходник и неговата администрација ги разгледувале истите разузнавачки податоци и заклучиле дека Садам Хусеин бил закана и затоа Конгресот реши да го симне од власт Садам со смена на режимот“, истакнува тој.

Претседателот кажа дека за САД е суштинско да успеат да создадат слободен, демократски Ирак. Тој го спомена актуелниот спор во таа земја за тоа кој е најдобриот начин за составување на нова влада, велејќи дека енергичната размена на мислења е знак дека слободата фаќа корења.

„Мислам дека не е лошо што луѓето расправаат за формата на владата. Тоа е многу добар знак. Ние тука цело време се расправаме за владата“, рече американскиот претседател.

Неговата публика во Белата куќа ја сочинуваа гувернери од двете партии, вклучувајќи членови на малата двопартиска група што неодамна го посети Ирак. Господинот Буш ќе говори и на претстојниот прием за републиканските гувернери. Белата куќа вели дека тоа ќе биде политички настан, на кој подиректно ќе ги појасни своите шанси за реизбор во 2004.

XS
SM
MD
LG