Линкови за пристапност

Секретарот Рамсфелд во посета на Ирак - 2004-02-23


Американскиот секретар за одбрана Доналд Рамсфелд на краткјо денеска го посети Ирак, заради разговори во врска со плановите за распоредување на ирачки безбедносни сили. Посетата коинцидирала со нападот со автомобил бомба во северен Ирак во близина на полициска станица во кој загинале десет лица а повредени околу десетина други.

Американскиот секретар за одбрана Доналд Рамсфелд утрово пристигна во Багдад да разговара за проширувањето на безбедносните сили и да се сретне со командантите.

На аеродромот бил пречекан од високиот американски цивилен администратор во ирак, Пол Бремер, под силно обезбедување. Тој кусо разговараше со високи воени претставници кои раководат со сто-илјадната војска што го окупира Ирак. Ова е четврта посета на Ирак на господинот Рамсфелд по минатогодишното соборување од власт на режимот на Садам Хусеин.

Господинот Рамсфелд со американски армиски хеликоптер замина во посета на база западно од главниот град каде бил брифиран за плановите за префрлање на обезбедувањето во раце на ирачката полиција. Тој исто така се сретна со членови на ирачките безбедносни сили и ја пофали нивната работа во помагање да се донесе мир во земјата.

САД планираат да го повлечат мнозинството од своите трупи кои во моментот се наоѓаат во Багдад во бази надвор од градот каде што ќе можат да обезбедат помош за ирачките сили кога ќе се појави потреба.

Бомбата што експлодира кусо време пред неговото пристигнување во северниот град Киркук, беше во контекст на безбедносната загриженост. Сметана од бунтовниците за соработник на американските окупациони сили, полицијата стана честа цел на бомбашки напади последните недели.

Повеќе од 300 лица годинава се убиени од експлозии на автомобили бомби. Во двасимултани самоубиствени бомбашки напади во северниот град Ирбил минатиот месец беа убиени повеќе од сто лица.

Господинот Рамсфелд, на застанувањето заради полнење гориво во Ирска синоќа кажа дека терористичката мрежа Ал-Каида е активна во Ирак и дека е веројатно зад многу напади изведени спрема коалицијата и ирачките граѓани што станаа речиси секојдневни настани.

XS
SM
MD
LG