Линкови за пристапност

Делегациите - учеснички на шестстраните разговори за Северна Кореја пристигнуваат во Пекинг - 2004-02-23


Додека делегациите пристигнуваат во Пекинг на мултилатералните разговори за нуклеарните програми на Пјонгјанг, властите потврдија дека осум лица кои тврдат дека се Севернокорејци побарале азил во едно германско училиште во конескиот главен град.

TEXT: Осумтемина во германското училиште во Кина дошле утринава, сред засилените подготовки во земјата за одржување на втората рунда разговори, која започнува в среда. Портпаролот на Германската амбасада Манфред Хатерер соопшти малку детали за барателите на азил, кои велат дека се од Северна Кореја.

„Се работи за осум лица кои се на територија на германското училиште во Пекинг“, рече тој.

Овој инцидент дополнително ја комплицира оваа рунда разговори за која никој не очекува да мине лесно. Кина вообичаено ги враќа барателите на азил од Северна Кореја во назад, иако на неколку стотини кои се наоѓаат во дипломатските комплекси им било дозволено да ја напуштат земјата.

Водачот на руската делегација кој во Пекинг пристигна денеска, изјави дека Русија ја поддржува понудата од Северна Кореја за замрзнување на нејзините нуклеарни програми во замена за безбедносни гаранции. Овој став се разликува од американското барање, Пјонгјанг да обезбеди проверливо уништување на нукеларните програми пред воопшто да се разговара за мерките.

Делегатите од Северна Кореја, Јужна Кореја, Јапонија и САД треба да пристигнат во Пекинг во текот на денешниот ден и утре.

XS
SM
MD
LG