Линкови за пристапност

“За“ и “против“ глобализацијата - 2004-02-19


Јагдиш Багвати од Универзитетот Колумбија цврсто застана во одбрана на глобализацијата, велејќи дека народот и земјите имаат корист од зголемената трговија која е суштински елемент на глобализацијата. Ниту една држава немала поголема корист од САД, каде поради зголемената трговија, во 90-те години беа отворени речиси 20 милиони нови работни места. Професорот Багвати се прашува зошто постои доза на загриженост во Америка за пренесувањето на подобро платените работни места во земји како Индија.

“Треба да се запрашаме зошто преселувањето на работните места е главно прашање во земјава, а не е во Британија, на пример или во европските земји. Мислам дека ова не наведува на прашањето како САД, кои се толку силни и кои всушност се супер-сила, го имаат тоа чувство на нелагодност?“, праша професорот Багавати.

Аналитичарот за нафта, Даниел Јергин во суштина се согласува со ставот на професорот Багвато во однос на глобализацијата. Тој вели дека концептот не е добро сфатен, дури и кај образованите студенти во Европа и Америка, кои станаа остри противници на глобализацијата.

“Сето ова не наведува на прашањето, како може овој апстрактен, латински збор, да причини вакви силни страсти? Зошто се случува ова? И заклучокот што се извлекува е – отпор на промени“, вели господинот Јергин.

Професорот Багвати, кој предава економија, вели дека додека зголемувањето на трговијата, отвореноста на пазарите, дерегулацијата и зголемената зависност од приватниот сектор е добра работа, и земјите во развој треба да реагираат постепено, за да се намалат социјалните проблеми.

“Сите сфаќаат дека брзината на транзицијата е нешто со кое треба да се раководи внимателно, земајќи ги предвид политичките, па дури и економските потешкотии. Мислам дека треба тоа е она за што треба да поразмислиме“, вели професорот Багавати.

И обајцата експерти велат дека доказите не можат да се порекнат – сиромашните земји кои себеси и се отворија на глобализацијата – Кина и неодамна Индија, се оние кои бележат најбрз економски растеж и кои придонесуваат за извлекување на огромен број луѓе од сиромаштија.

XS
SM
MD
LG