Линкови за пристапност

Поранешниот гувернер на Вермонт Хауард Дин по претседателските предизбори во Висконсин се откажува од кампањата - 2004-02-18


Хауард Дин својата кампања ја градеше на силното спротивставување на војната во Ирак. Тој ги проби сите рекорди на собирање средства за кампања и беше на врвот на истражувањата на јавното мислење минатата година, со помош на Интернет и илјадниците ангажирани млади поддржувачи.

Тој рече дека мора да победи во Висконсин, и по неуспехот во вторникот, одлучи да ја прифати препораката од советниците дека е време да се повлече од трката.

„Јас веќе не сум активен кандидат за претседателската функција. Но, ние сепак, ќе продолжиме со создавањето на нова организација, користејќи ја нашата база за да ги продолжиме напорите за трансформација на Демократската партија и за промена во оваа земја“, истакна Дин.

Тој не даде поддршка на ниту еден од кандидатите, но ги повика поддржувачите да продолжат да работат за пораз на Џорџ Буш во ноември.

„Напуштаме една патека, но одиме на друга која ќе ја врати Америка на нејзините граѓани“, вели господинот Дин.

Неговата одлука за повлекување значи дека трката во Демократската партија сега во суштина е натпревар меѓу сенаторот од Масачусетс Џон Кери и сенаторот од Северна Каролина, Џон Едвардс.

XS
SM
MD
LG