Линкови за пристапност

Поддршка на слободата на Блискиот исток - 2004-02-17


На Блискиот исток, како и насекаде, САД се залагаат за промовирање на демократијата и реформи за отвореност на пазарот. „Но ова не значи“, вели државниот секретар Колин Пауел, „дека САД се залагаат нешто да им наметнат на арапските и муслиманските држави“.

„Бараме нешта на кои заеднички ќе работиме во регионот. Тоа е напор да го вклучиме регионот во активностите“, истакнува тој.

Преку Иницијативата Парнетството за мир на Блискиот Исток, САД ги поддржуваат напорите за политички, економски и социјални реформи. Претседателот Џорџ Буш вели дека САД се на страната на реформистите.

„Обезбедуваме заеми и деловни совети за да поттикнеме култура на претприемаштво на Блискиот Исток. Ги обучуваме жените да влезат во тајните на претприемаштвото и да им помогнеме да постигнат социјална и еконоска еднаквост. Ја поддржуваме работата на судските реформисти кои се залагаат за независно судство и принципот на владеење на правото“, рече претседателот Буш.

Во арапските земји, правата на жените се честопати крајно ограничени. Но со фактот што се повеќе жени се здобиваат со правото да учествуваат во јавниот живот, тие треба да знаат како да се обраќаат пред голема публика, како да се однесуваат со медиумите и како да организираат политички кампањи. Овие вештини се нудат на семинарот во Доха, Катар каде наставата ја одржуваат политички активни жени од Мароко, Јордан и Либан, САД и Канада.

Во Аман, Јордан се одржува конференција на тема, „Жените и правото“. Жените во многу арапски земји, имаат недостататок на правата што ги имаат мажите, во однос на семјените односи, поседување на имоти, наследство и патувања. Конференцијата има за цел на учесниците од преку десет арапски земји да им даде шанса да дискутираат за еднаквоста пред законот, како и за тоа што може да се стори за да се променат правилата и законите штоне го дозволуваат тоа.

Како што вели Амина Лемрини од Мароко, „Ќе можеме да го мериме напредокот кон демократија според тоа колку е материјализирано во однос на постигнување значајни придобивки за жените“.

XS
SM
MD
LG