Линкови за пристапност

Алармантни податоци за заразени од ХИВ и заболени од СИДА во источно-европските земји - 2004-02-17


ОН соопштија дека бројот на заразените со вирусот ХИВ и заболените од СИДА достигнал алармантни размери во поранешниот комунистички блок, но земјите со успешни демократии започнуваат да работат на намалување на овој тренд.

Регионалната канцеларија на програмата на ОН за развој го презентира првото сеопфатно истражување на инфицираните со ХИВ и заболените од СИДА во 28 земји од Источна Европа, Балтикот и поранешниот Советски сојуз.

Марша Кран, главен советник во ОН, некои од податоците ги опиша како поразителни.

„Украина, Руската Федерација, Белорусија, Молдова како и Балтичките земји имаат најбрзо растечки стапки на заразеност во светот во изминативе неколку години. ОН претпоставуваат дека вкупниот број на оние кои се носители на вирусот или заболени од СИДА, во регионот би можел да изнесува околу 1,8 милиони лица“, вели таа.

Во извештајот се наведува дека болеста негаитвно влијае врз економскиот потенцијал на земјите каде таа се појавила, бидејќи највисоки стапки на инфицираност има кај популацијата од 15 до 40-годишна возраст, кои се водечка работна сила.

Г-ѓа Кран вели дека некои земји одговараат на кампањата на ОН против СИДА-та, посебно оние оние со отворени општества и со пристап до информации.

„На пример, Полска, Чешката Република и Словачка забележаа голем успех во запирањето или намалувањето на ширењето на епидемијата. Тие успејаа да го употребат напредокот во создавањето на активни демократии за ефикасен одговор во справувањето со ХИВ и СИДА-та“, истакнува г-ѓа Кран.

Таа вели дека Полска била една од првите држави која во 90-титите години пријавила случаи на ХИВ и СИДА.

ОН велат дека се подготвени да делуваат заеднички со владите и граѓанското општество во зголемување на јавната свест и промовирањето на други прашања поврзани со проблемот на сидата.

XS
SM
MD
LG