Линкови за пристапност

вести за 16 февруари  - 2004-02-16


Ирак

Eдно ирачко дете загинало во експлозија на граната во училиште во Багдад, а двајца американски војници загинале во напад со бомба поставен акрај пат.

Ирачката полиција соопшти дека децата играле крај канта за отпадоци во училишниот двор и ја активирале гранатата што се наоѓала внатре. Утрово, во други експлозии покрај пат во Багдад и Бакуба загинале двајца американски војници и повредени петмина други. Американската армија исто така известува за загинувањето на еден цивил и ранување на тројца други во напад од заседа минатата недела на пат јужно од Багдад. Американците биле припадници од верска група која работела во Ирак.

Разговори Пакистан-Индија

Индија и Пакистан го завршиле првиот ден на тридневни официјални разговори во Исламабад, во, како што се вели, срдечна и конструктивна атмосфера.

Портпаролот на пакистанската канцеларија за надворешни работи на новинарите им кажа дека двете страни размениле предлози за модалитетите и временска рамка за сеопфатните разговори кои ќе ги вклучат сите спорни прашања, меѓу кои и Кашмирскиот проблем. Тој кажа дека начинот за намалување на ризикот од случаен нуклеарен конфликт меѓу двете земји исто така ќе биде вклучено во дискусиите. Официјалните лица вршат подготовки за средба на двајцата секретари за надворешни работи во среда, како и за деталните разговори.

Самит Д-8

Иран се залага за формирање на заеднички пазар за осум главно муслимански држави чии претставници неделава се среќаваат во Техеран.

Иранскиот министер за надворешни работи Камал Карази предлогот го даде денеска во уводното излагање пред групата позната како Д-8 или Осум држави во развој. На денешната средба присуствуваат министри за надворешни работи на осумте држави. Дводневниот самит на шефови на држави и влади треба да започне во среда во Техеран. Заедно со Иран, членови на Д-8 се Бангладеш, Египет, Индонезија, Малезија, Нигерија, Пакистан и Турција.

Израел – Палестинци

Министер од десното крило на израелскиот кабинет предложил изолирање на Палестинците на четири извоени делови на Западниот брег.

Министерот за сообраќај Авигдор Ливерман планот го нарекува алтернатива на предлозите на премиерот Ариел Шарон. Господинот Шарон предложи Израел да се повлече од најголем дел на Појасот Газа и делови од Западниот брег, додека би задржал некои окупирани територии под израелска контрола. Аналитичарите велат дека планот на господинот Либерман нема големи изгледи да биде усвоен. Но тие велат дека тој ја претставува опозицијата со која господинот шарон се среќава во однос на неговиот план да го одвои Израел од Палестинците. Во меѓувреме, палестиски медицински персонал вели дека израелските војници убиле Палестинец денска во јужниот дел на Газа.

Птичји грип

Официјални претставници на Тајланд соопштија дека го откриле вирусот на птичјиот грип на неколку места каде што претходно се сметаше дека болеста е искоренета.

Тајландското министерство за земјоделство кажа дека болеста се појавила во девет провинции, од кои во една претходно немало пријавено заразени случаи. Тајланд најавуваше дека до крајот на месецот ќе го запре ширењето на болеста. Во меѓувреме, здравствените работници во Виетнам потврдија дека едно 15-годишно момче е заболено од птичји грип, што е прв случај за една недела. Од овој вирус што се пренесува од птици на луѓе, досега починаа 20 лица во Азија, а се опустошени живинарските фарми во целиот регион.

Американска политика

Истражувања на јавно мислење индицираат дека сенаторот Џон кери ќе додаде уште една силна победа на утрешните преизбори на Демократската партија во државата Висконсин.

Последните анкети покажуваат дека сенаторот од Масачусетс води пред најблискиот конкурент, поранешниот гувернер на Вермонт Хауард Дин, со 47 спрема 23 проценти. Резултатите покажуваат дека сенаторот од Северна каролина Џон Едвардс е веднаш зад господинот Дин, со 20 проценти. Во синоќешната дебата пренесувана од телевизијата што се одржа во Висконсин, петтемина преостанати демократски кандидатикритиката ја насочија на претседателот Буш, а не меѓу себе, и се задржаа на начинот на кој е изведена војната во ирак и неговите потези во економијата и здравствената заштита. Номинираниот демократски кандидат ќе му се спротивстави на претседателот Буш на изборите во ноември.

XS
SM
MD
LG