Линкови за пристапност

Најнови вести, 13 февруари - 2004-02-13


Ирак - избори

Претставник на ОН вели дека е од особено значење за Ирак да се одржат избори, но дека е мошне комплициран процес што мора да биде добро подготвен за да биде веродостоен. Претставникот на ОН Лакдар Брахими за време на денешната прес-конференција во Багдад не го прецизираше датумот за одржувањето на изборите, но рече дека во наредните неколку дена ќе достави предлог до Генералниот секретар на ОН Кофи Анан. Претходно, портпаролот на г-динот Брахими изјави дека изборите во Ирак најверојатно ќе се одржат по преминот на власта во рацете на ирачкиот народ на 30-ти јуни. Високиот шиитски свештеник во Ирак кој вчера се сретна со претставникот на ОН, повика изборите да се оджат пред коалицијата под американско водство да ја предаде власта.

Буш – рејтинг

Најновите испитувања на јавното мислење индицираат дека поголемиот број Американци сметаат оти претседателот Буш ги преувеличил доказите за ирчкото оружје за масовно уништување со цел да ја оправда војната против Садам Хусеин. Анкетата што ја спроведоа весникот Вашингтон Пост и телевизиската мрежа Еј-Би-Си, покажува дека 54 проценти од испитаниците сметаат дека г-динот Буш или лажел или намерно ја преувеличил заканата од ирачкото оружје. 42 процента велат дека тој не го сторил тоа. Според истата анкета, доколку претседателските избори би се одржале денеска, сенаторот Џон Кери од Демократската партија би добил 52 отсто од гласовите. Г-динот Кери денеска се очекува да добие поддршка од поранешниот кандидат за претседателска номинација од партијата, пензионираниот генерал Весли Кларк.

Уапсен војник за предавство

Американските власти уапсиле војник на Националната гарда кој наводно се обидел да достави тајна информација до терористичката мрежа Ал Каида. Претставници на американската армија велат дека војникот Рајан Андерсон е задржан во воената база во ферералната држава Вашингтон додека армијата ја разгледува опцијата за поднесување обвиненија. Официјални лица велат дека г-динот Андерсон се обвинува за обид да воспостави комуникација со Ал Каида преку Интернет. Војникот е можно да биде обвинет и за помагање на непријателот, заради неговото наводно нудење на услуги на Ал Каида. Г-динот Андерсон е припадник на тенковската единица Националната гарда која наскоро треба да замине за Ирак каде ќе остане една година.

Израел - Палестинци

Израелските трупи убиле еден палестински фармер во близина на градот Џенин на Западниот Брег. Израелски претставници велат дека инцидентот се случил рано утрово и дека војниците го застрелале лицето во возилото бидејќи, како што велат, тоа ги игнорирало нивните наредби да застане. Палестинците велат дека лицето утрово одело да работи на своите поседи, кога се случил овој инцидент. Ова е во време на зголемена готовност на израелските трупи откако палестинцките вооружени групи вчера се заканија дека ќе се одмаздат за смртта на 15 Палестинци кои загинаа претходниот ден во престрелките во Појасот Газа.

Преговори за Кипар

Лидерот на кипарските Турци, Рауф Денкташ индицира дека неговата страна ќе ги отфрли напорите на кипарските Грци за вклучуивање на ЕУ во разговорите за решавање на спорот околу поделбата на Кипар. Мултипартитните разговори за Кипар се одвиваат веќе четврти ден во ОН. Според новинските извештаи, г-динот Денкташ на новинарите им кажал оти се противи на идејата за вклучување на ЕУ во преговорите. Генералниот секретар за ОН Кофи Анан се вели дека подготвува заедничко соопштение за Кипар кое ќе го достави до инволвираните страни за потпис.

Нобелова награда за мир

Организацијата која ја доделува престижната Нобелова награда за мир вели дека за овогодинешната награда се номинирани рекордни 173 кандидати. Норвешкиот Нобелов институт вели дека листатта вклучува 129 лица и 44 организации. Можно е да бидат додадени долнителен број кандидати со тоа што членовите на Нобеловата комисија им е дозволено да именуваат нивни кандидати до 2-ри март. Имињата на номинираните за овогодинешната Нобеловата награда за мир се уште не се објавени во јавност, но се верува дека претседателот Буш, британскиот премиер Тони Блер и ЕУ се меѓу кандидатите. Минатата година со оваа престижнанаграда се закити активистот за човекови права Ширин Ебади од Иран. Победникот ќе биде соопштен кон средината на октомври, а наградата ќе биде врачена на 10-ти декември за време на церемонија во Осло.

XS
SM
MD
LG