Линкови за пристапност

Новата атмосфера во Ирак  - 2004-02-12


Во Ирак започнува да се враќа слободата. Тоа е очигледно на места како што се новоотворените центри за човекови права во југо-западно-централниот ирачки град Хилах. „Ова е нова работа за Ирачаните, вели основачот на центарот Кази ал Сафа. „Со децении“, вели таа, Ирачаните „не знаеле што се човекови права и демократија“.

Пред соборувањето на Садам Хусеин, единствените демонстрации што се случувале во Ирак биле оние што биле одобрени од режимот на партијата Баат. Денес, на улиците се случуваат демонстрации за голем број прашања, меѓу кои и формирањето на новата ирачка влада.

Весникот Чикаго Трибјун известува дека текстилните производители се претрупани со порачки. Фејсал ал Истрабади е адвокат во Чикаго, Илиноис, родум од Ирак. Тој за весникот изјавил: „Вие овде почнувате од нула. Политичкото размислување овде беше забрането во изминатите 35 години“.

Народот на САД и на другите земји од коалицијата им помага на Ирачаните да ги обноват своите законодавни и политички институции. Сермид ал Сараф, адвокат од Лос Анѓелес, Калифорнија се наоѓа во Ирак за да помогне во образувањето на ирачките адвокати како да ги бранат човековите права. Г-динот Ал Сараф вели дека под режимот на Садам Хусеин ирачките адвокати „биле учени како да посредуваат во подмитување“. Целта е да се промени традицијата на корупција и да се создаде основа за владеење на правото. Оние кои се залагаат за вакви реформи, вели претседателот Џорџ В. Буш, во САД ќе имаат постојан сојузник.

„Ирачката нација со децении беше сојузник на теророт под водство на еден суров и каприциозен човек. Денес, народот на Ирак се движи во насока на сопствено владеење. Нашата коалиција работи заеднички со Ирачкиот владејачки совет да ги подготви основните закони и определување на правата. Бидејќи режимот на Баатистите е минато, Ирак веќе не е голема закана за слободните држави. Ирак е слободна држава“, рече претседателот Буш.

Слободата и натаму има непријатели во Ирак. Остатоците од Баат и странските терористи се надеваат дека нивните напади ќе го поткопаат процесот во Ирак. Претседателот Буш вели дека „кога имаат избор, луѓето насекаде во светот од сите професии и вери ја избираат слободата наместо насилството и теророт“. Ирак ќе биде важен тест за таквото убедување.

XS
SM
MD
LG