Линкови за пристапност

Путин го повика Буш на засилување на борбата против тероризмот - 2004-02-11


Господинот Путин вели дека соработката меѓу Москва и Вашингтон мора да се прошири за да се совладаат, како што кажа, варварските акции на тероризмот.

Во соопштението објавено во Кремљ, господинот Путин му се заблагодари на американскиот претседател за поддршката по минатонеделниот бомбашки напад во подземната железница во Москва при што загинаа 39, а беа повререни преку 100 лица.

Претседателот Путин го поздрави и напредокот во билатералните односи меѓу САД и Русија, велејќи дека партнерството меѓу двете земји било, како што рече, нераскинливо.

Американско-руските односи беа сериозно тестирани на почетокот на минатата година, преку острото противење на господинот Путин на војната во Ирак под американско водство, за која тогаш кажа дека е голема грешка. Оттогаш, обете страни презедоа чекори за подобрување на односите, но тензии и натаму постојат.

Минатиот месец, американскиот државен секретар Колин Пауел изрази загриженост за бавното воведување на принципот на владеење на правото во Русија. Тој кажа дека политичката моќ се уште целосно не се придржува до законите. Господинот Пауел ја спомена и руската политика спрема Чеченија, велејќи дека одредени аспекти на внатрешна политика на Русија во јужната руска република се причина за загриженост кај САД.

Господинот Путин, кој беше првиот лидер кој и се придружи на глобалната коалиција против тероризам по водство на САД, во вчерашното соопштение главно се задржа на воената соработка меѓу САД и Русија како и за другите меѓусебни односи, велејќи дека целта на Русија е да изгради блиско пријателство со Вашингтон.

Пораката на господинот Путин беше пренесена од неговиот шеф на кабинет Димитри Медведев кој е во посета на Вашингтон. На средбите со својот американски колега Едрју Кард и државниот секретар Колин Пауел се разговарало за руско-американската соработка.

XS
SM
MD
LG