Линкови за пристапност

Иранскиот претседател  Катами го потврди реформскиот пат - 2004-02-11


Претседателот Катами кажа дека игнорирањето на желбите на народот во име на религијата, младата генерација Иранци ќе ја сврти против вредностите на исламската република и веројатно против самиот Ислам.

Во однос на одлуките на радикалниот Заштитнички Совет за дисквалификација на илјадници кандидати на реформистите од парламентарните избори во Иран на 20 февруари, претседателот Катами кажа дека изборите се симбол на демократијата и ограничувањата претставуваат закана за стабилноста на земјата.

Претседателот исто така го критикуваше екстремизмот и оние за кои рече дека “се противат на слободата и демократијата во име на религијата“. Тој ги отфрли овие ставови како невкусни и насилнички.

Претседателот, кој е водечки реформист во Иран, ова го кажа пред стотици илјади луѓе кои беа собрани на плоштадот Азади во Техеран на одбележувањето на исламската револуција против шахот Мохамед Реза Пахлави во 1979 година.

Многумина носеа огромни постери на таткото на иранската револуција, ајатолахот Рухола Хомеини и неговиот наследник, ајатолахот Али Каменеи, кој сега е врховен водач.

Некои од толпата извикуваа “Смрт за Америка“ и носеа постери на картон на кои беше прикажан претседателот Буш како херојот од акционите филмови, Рамбо. Други, пак, палеа слики со симболи на САД или извикуваа “Смрт за Британија“ и “Смрт за Израел“.

Во неговото обраќање, претседателот Катами повика Иран да избегне да го следи патот на западот, како и да го избегне патот на екстремизмот со цел да се оствари визијата на државата за исламска република која е отворена за реформи.

Тој кажа дека ќе продолжи по патот на реформите и покрај тоа што се соочува со силен отпор. Тој рече, “Не знам за друг пат освен овој и нема да изберам никаков друг пат“.

Претседателот Катами кажа дека претстојните избори ќе се одржат и дека неговата партија ќе учествува и покрај забраната за одредени кандидати, ветувањата на реформистите за бојкот, како и масовните оставки во неговата влада. (SIGNED)

XS
SM
MD
LG