Линкови за пристапност

Гринспен оптимист за американската економија со предупредување за ризици - 2004-02-11


Г-динот Гринспен кажа дека се чини оти 2003-та била транзициона година за американската економија, движејќи се од состојба на потпросечен кон поенергичен раст. 77-годдишниот шеф на Централната банка рече дека со се побрзото темпо на експанзија, ќе се зголеми и темпото на пораст на вработеноста, која според него била забавена од достигнувањата во производството и водењето на бизнисот за зголемување на ефикасноста.

Како ризици со кои се соочува економијата, г-динот Гринспен ги посочи повисоките цени на нафтата, падот на вредноста на доларот и недостатокот од акција за намалување на буџетскиот дефицит. Во однос на дефицитот, претседавачот со Бордот на федералните резерви го осуди како што го рече, отсуството на кредибилен план за намалување на рекордно високиот фискален дефицит кој достигна над 500 милијарди долари и не покажува знаци на намалување. Тој јасно го посочи намалувањето трошоците, наместо зголемувањето на даноците, како услов за намалување на дефицитот.

“Треба што е можно повеќе на подолги патеки да се залагаме за воздржаност во трошењето, пред да почнеме да го пополнуваме јазот во однос на даноците, со цел да дојдеме до одржлива фискална политика“, рече господинот Гринспен.

Г-динот Гринспен сугерираше дека краткорочните кредитни стапки можат уште малку да останат на сегашното многу ниско ниво. Но, некогаш во иднина, рече тој, тие мора да се зголемат.

“Каматните стапки на федералните фондови во иднина ќе треба да се зголемат на понеутрално ниво. Сепак, со многу ниска инфлација, Федералните резерви можат да си дозволат трпеливост пред да се укине актуелната политика на прилагодување“, рече господинот Гринспен.

Г-динот Гринспен рече дека во текот на 2003 година доларот минал низ фаза на големо опаѓање на вредноста на пазарите за размена на валути. Но тој додаде дека инфлацискиот ефект од ваквиот пад на вредноста бил сузбиен со конкурентни притисоци со што било спречено компаниите да ги зголемат цените.

Генералната порака на г-динот Гринспен е дека сликата на американската економија забележала значителен напредок во изминатите осум месеци. Но кај него е јасна загриженоста од растечкиот буџетски дефицит. Исто така, тој изрази загриженост од тоа што во некој момент можно е странците повеќе да не сакаат да го финансираат големиот американски трговски дефицит.

XS
SM
MD
LG