Линкови за пристапност

Сенаторот Кери победи и во Вирџинија и Тенеси - 2004-02-11


Сенаторот Кери извојува убедливи победи во Вирџинија и Тенеси со што се разбија сомнежите дека неговото либерално демократско минато прикладно за северот на земјата нема да биде прифатливо за југот.

Сенаторот Кери им се обрати на неговите радосни поддржувачи во Вирџинија.

“Повторно, пораката е јасна и гласна. Американците гласаат за промена, на исток и на запад, на север, а сега и на југ. Благодарен сум за тоа“, кажа сенаторот Кери.

Сенаторот од Северна Каролина, Џон Едвардс во Вирџинија беше втор, пред пензионираниот генерал Весли Кларк и поранешниот гувернер на Вермонт, Хауард Дин. Сенаторот Кери беше убедлив и во победата во Тенеси.

Анкетите спроведени од новински организации, индицираат дека поголемиот дел од Демократите и независните гласачи во Вирџинија и Тенеси биле загрижени за губењето на работни места, за економската ситуација, здравственото осигурување и за Ирак. Но, многумина Демократи велат дека одлучувачкиот фактор што придонел тие да го поддржат сенаторот Кери, е верувањето дека тој би бил најсилниот кандидат против претседателот Буш во ноември.

Победите на господинот Кери во Вирџинија и Тенеси се очекува да го зголемат притисокот врз другите претседателски кандидати. Сепак, повеќето од нив ветија дека ќе останат во трката за Белата куќа се до таканаречениот „Супер вторник“ или 2-ри март, кога предизбори ќе се одржат во десет федерални држави.

Поранешниот гувернер на Вермонт, Хауард Дин предвидува поволни резултати на партиските избори наредниот вторник во Висконсин, иако според испитувањата на јавното мислење во оваа држава, во водство е сенаторот Кери.

Г-динот Дин вчера им се обрати на своите поддржувачи во Висконсин.

“Не треба никогаш, како Демократи, да се плашиме да го кренеме својот глас за правото да се организираме и за правото обичните луѓе да имаат пристоен живот како средна класа. Не треба никогаш да се срамиме, како Демократи, да побараме, како што тоа го стори поранешниот претседател Хари Труман во 1948-ма, здравствено осигурување за секој Американец“, рече господинот дин.

Поранешниот гувернер на Вермонт вели дека ќе остане во трката, без оглед на исходот во Висконсин, што е измена од претходната најава дека таму треба да победи за да остане во трката за Белата куќа.

XS
SM
MD
LG