Линкови за пристапност

Ирански авион се урна во Обединетите Арапски Емирати при што загинале најмалку 40 лица - 2004-02-10


Официјални лица велат дека авионот на Киш Ерлајнс се урнал околу 11 часот по локално време, додека се подготвувал да слета на аеродромот Шарџа.

На телевизиските снимки се гледаше пламен и делумно уништен авион. Телата на загинатите беа покриени додека спасувачките екипи го гасеа огнот.

Државната новинска агенција на Обединетите Арапски Емирати јави дека неколкумина ја преживеале несреќата и се пренесени во најблиската болница, а од нив двајца подоцна им подлегнале на повредите.

Авионот се урнал на околу три километри од аеродромот и нема информации за жртви на теренот каде паднал.

Авионот полетал утрово од островот Киш на Иранскот Залив, а во него имало патници од Иран, Египет, Индија, Нигерија и од неколку други земји.

Странските работници кои треба да ги обноват своите визи, често патуваат на релација Киш-Обединети Арапски Емирати.

Ирански претставник вели дека се работи за двомоторен авион кој има капацитет да превезува 50 патници и шест членови на екипажот.

Причината за несреќата е се уште непозната.

XS
SM
MD
LG