Линкови за пристапност

Во Ирак запленет документ кој според американски претставници содржи планови за поттикнување секташко насилство  - 2004-02-10


Коалицијата под американско раководство соопшти дека ги анализира документите пронајдени на еден компјутерски компакт диск кај еден ирачки курир кој бил вклучен во тековните бунтовнички акции. Портпаролот на коалицијата во Багдад Ден Сенор, изјави дека документот бил напишан од милитантот Абу Мусаб Заркави, родум од Јордан, по кого трагаат американските власти заради поврзаност со Ал Каида.

„Се чини оти примарната цел, како шо се открива во документот, е провоцирање на секташка војна во обид за поделба на земјата, чија цел би биле шиитските лидери и шиитските свети места, поедини шиитски верски великодостојници во надеж дека ќе се предизвика одмазда против Суните, по што би се вклучиле и Курдите. Да се поттикнат Ирачаните едни против други, во надеж дека сето тоа ќе резултира со крвопролевање и со поделба на Ирак“, вели господинот Сенор.

Тензиите меѓу етничките и верските групи во Ирак веќе се големи и ги комплицираат американските планови за предавање на власта на ирачка влада до крајот на јуни.

Се вели дека осомничениот Јорданец бил соработник на Осама бин Ладен, а американските претставници истакнуваат дека тој работи за Ансар ал Ислам, милитантната ирачка група поврзана со терористичката мрежа Ал Каида. Запленетиот документ се однесува на 25 напади кои групата ги извела во Ирак во текот на изминатата година.

XS
SM
MD
LG