Линкови за пристапност

Што мислат родителите на Палестинците - бомбаши самоубијци? - 2004-02-03


Палестинските терористички групи продолжуваат да вршат самоубиствени напади против Израел, убивајќи и повредувајќи Израелци, но и Палестинци. Многу влади ги осудија таквите напади. Но, што мислат Палестинците? И, особено, што мислат семејствата на бомбашите-самоубијци?

Стереотип на тие семејства е да го фалат својот мртов син или ќерка како херој и маченик. Ова најчесто беше случај, иако останува прашањето што навистина мислат мајката или таткото кога нивното дете ќе го отфрли својот живот во убиствен акт што единствено предизвикува уште повеќе тага, горчина и омраза. Или пак, таквиот стереотип им е наметнат од притисокот во општеството?

Во секој случај, таквата реакција станува се помалку вообичаена. Палестинските родители и другите почнуваат се повеќе да го креваат гласот против терористичките групи кои ги претвораат младите во убијци-самоубијци.

Билал ал-Масри е таков родител. Како што пишува весникот Њујорк Тајмс, петнаесетгодишниот син на господинот Масри, Амџад, неодамна бил застрелан од израелски војници во градот Наблус на Западниот брег. Израелците велат дека Амџад фрлал големи камења на војниците – тврдење што пак го оспоруваат некои Палестинци.

Во очигледен обид за одмазда, другиот син на господинот Масри, шеснаесетгодишниот Ијад, набавил појас со експлозив и заминал во самоубиствена мисија. Но израелските трупи интервенирале пред да го изведе нападот. Ијад го детонирал експлозивот и се убил само себе си, без да повреди никого друг.

Кои се терористите кои го испратиле Ијад на самоубиствена мисија? Никој не кажува, но Билал ал-Масри вели дека тие терористи се виновни за смртта на Ијад. „Син ми беше во шок по убиството на брат му“, кажа господинот Масри за Њујорк Тајмс. "Тој не бил свесен што прави". Терористите, вели господинот Масри, "требаше да разберат во каква ситуација е Ијад и да не дозволат тоа да го стори, дури и самиот да побарал."

Многу други Палестинци во Наблус го велат истото. Тие велат дека оние кои го испратиле Ијад во смрт треба да бидат земени на одговорност. И, во право се.

XS
SM
MD
LG