Линкови за пристапност

В недела, доделување на музичките награди Греми - 2004-02-03


Американската Национална академија за музичка уметност и науки на 8 февруари во Лос Анѓелес ќе ги додели наградите Греми за најдобри музички остварувања. Членовите на Академијата гласаат за над 100 категории во сите музички жанрови.

Британската група “Колдплеј“ е првата што две години по ред може да ја добие наградата за најдобра алтернативна група. Нивиот хит "Clocks" е во трката за наградата најдобро музичко остварување на годината. Исто така, во трка е и рок и блуз дуото Ауткаст, кое веќе неколку недели се наоѓа на врвот на топ листата на списанието “Билборд“ со песната "Hey Ya!" За песна на годината уште се натпреваруваат и “"Crazy In Love," на поранешната членка на Дестини чајлд, Бијонси Ноулс и Џеј-Зи заедно со Black-Eyed Peas and 'N Sync's и дуото со Џастин Тимберлејк, што ја изведуваат “Where Is The Love”, како и раперот Еминем со "Lose Yourself," од неговиот филм „Осма милја“. Ауткаст, Бијонси и Џеј-Зи имаат по шест номинации, а Џастин Тимберлејк има пет.

Алтернативната група Evanescence од Арканзас е номинирана во категоријата најдобар нов изведувач, но имаат силна конкуренција во раперот 50 Cent, чиј прв албум "Get Rich or Die Tryin'" заврши на врвот на годишната топ-листа за 2003, со продадени над шест милиони примероци. Во оваа категорија надежни се и поп-групата од Њу Џерси, Fountains of Wayne, рок и блуз дивата Хедер Једли и реге изведувачот од Јамајка Шон Пол.

Музичките диви и диск-џокеи се натпреваруваат за наградата Греми во категоријата најдобар албум. Тука се ветеранката Шер со албумот "Love One Another," како и Мадона со "Die Another Day" од последниот филм со Џемс Бонд. Албумот "Come Into My World" на австралијанката Кејли Миног исто така е во оваа категорија, заедно со "Easy" на Groove Armada и албумот "Breathe" на францусокто трио на електронска музика Телепопмјузик.

Младата генерација на рокерки доминира во категоријата Најдобра пејачка, во која се Пинк со песната "Trouble" заедно со "Are You Happy Now," на Мишел Бранч и "Losing Grip, " на канаѓанката Аврил Лавињ. Блуз рокерката Бони Рејт се појавува со песната "Time of Our Lives," како и поп и фолк пејачката Лусинда Вилијамс.

Во категоријата најдобар машки изведувач се легендарните Боб Дилан со "Down in the Flood," и Дејвид Боуви со неговата "New Killer Star." Гитаристот Лени Кравиц е во конкуренција со "If I Could Fall In Love," потоа Том Вејтс и "Return of Jackie And Judy." Дејв Метјус, кој во 2003 го издаде својот прв соло албум им се придружува во оваа категорија со "Gravedigger."

Алтернативното дуо Вајт Страјпс минатата година доби признанија од критичарите, како во американскиот, така и во европскиот печат. Нивната изведба на "Seven Nation Army" е во категоријата на најдобра рок песна за наградата Греми, за едно со "Calling All Angels" на Треин, Disorder In The House" на починатиот Ворен Зевон со Брус Спрингстин, "Someday" на Никлбек и "Bring Me To Life" на Иваненсенс. Оваа група се појавува и во категоријата најдобар рок албум за нивното ЦД "Fallen," заедно со "The Long Road," "More Than You Think You Are" на Никлбек, "One By One" на Фу Фајтерс и Аудиослејв со истоимениот албум.

Наградата Греми за најдобра рок изведба на дуо или група може да биде доделена од сентиментални причини. Фу Фајтерс, Радиохед, Треин и Вајт Страјпс се докажаа на топ-листите и во концернтните сали, но дуото Ворен Зевон и Брус Спрингстин може да замине со оваа награда. Кантавторот Ворен Зевон, кому во 2002 година му беше поставена дијагноза рак, се бореше да сними уште еден албум. Неговиот последен труд "The Wind," беше објавен три недели пред да почине минатиот септрември.

Доделувањето на наградите Греми, што ќе трае три часа, ќе биде пренесувано на телевизија.

XS
SM
MD
LG