Испитувањата на јавното мислење покажуваа дека сенаторот од Масачусетс, Џон Кери води меѓу седумте кандидати кои се борат за номинација од партијата. Веднаш по него анкетите го пласираа поранешниот гувернер на Вермонт, Хауард Дин.
Сенаторот Кери како и останатите претседателски кандидати и натаму интензивно ги водат своите кампањи. На самиот ден на гласање, тие ги посетуваа гласачките места и зборуваа со гласачите.
“Има гласачи кои не се определени за ниеден кандидат. Ќе продолжам да работам да го добијам секој глас што можам да го најдам овде во Њу Хемпшир“.
Тоа го кажа господинот Кери, а испитувањата на јавното мислење покажуваа вистинска битка за третото место, меѓу генералот во пензија, Весли Кларк, сенаторот од Северна Каролина, Џон Едвардс и сенаторот од Конектикат, Џозеф Либерман.
За кандидатот-победник на овие предизбори или за оние близу до врвот, се зголемуваат шансите за успех и во партиските избори што наредната недела ќе се одржат во Северна Каролина и во шест други федерални држави.
Оној кој ќе добие номинацијата за претседателски кандидат од Демократската партија ќе му се спротистави на претседателот Буш на општите избори во ноември.