Линкови за пристапност

Објавени номинациите за наградите Оскар - 2004-01-27


Критиките беа речиси единствени во оддавањето признание на третиот и последен дел на трилогијата на Питер Џексон, за што во неделата ја доби и наградата на Холивудското Здружение на странските новинари - Златен Глобус. Филмот е базиран на приказните на писателот Толкин и ја раскажува бајката за опасната потрага низ фантастичните простори.

На новозеландскиот режисер Џексон, меѓу другите, за наградата за најдобра режија, ќе му се спротивстави и Питер Вир. Морската авантура на Питер Вир „Master and Commander: The Far Side of World" или „Господар и командант: далечната страна на светот“ заработи 10 номинации за највисоката филмска награда.

А меѓу номинираните за Оскар за режија е и Софија Копола, ќерка на режисерот Френсис Форд Копола за нејзината комедија "Lost in Translation,"или „Изгубено во превод“, филм за двајца осамени патници во Токио.

/// "LOST IN TRANSLATION ACT" /// (Woman) I just don't know what I'm supposed to be. (Man) You'll figure that out. The more you know who you are and what you want, the less you let things upset you. /// END ACT ///

Бил Мареј е номиниран за Оскар за најдобра машка улога за насловната ролја во „Изгубено во превод“.

Актерката Сигурни Вивер денеска во Лос Анѓелес ги соопшти имињата на номинираните за најдобра главна машка улога.

/// WEAVER ACT /// Номинирани во категоријата за најдобар актер се Џони Деп за „Пирати од Карибите: Проклетството на црниот бисер“, Бен Кингсли за „Куќа од песок и магла„, Џуд Ло за „Студена планина“, Бил Мареј за „Изгубено во превод“ и Шон Пен за „Мистична Река“. /// END ACT ///

Еден вид изненадување беше номинацијата на Џони Деп за „Пирати од Карибите“. Иако оваа лесна морска е повеќе наменета за помладата публика, актерот Џони Деп создаде впечатлив лик на капетанот Џек Спероу.

/// "PIRATES OF THE CARIBBEAN" ACT /// (Depp) Do you think it's wise, boy, crossing blades with a pirate? (SFX) /// END ACT ///

И меѓу номинираните во категоријата за најдобра актерка има изненадување. Тоа е Кејша Касл Хјуз, 13-годишната актерка од новозеландскиот филм "Whale Rider" или „Јавач на китови“.

Претседателот на Академијата за подвижни слики Френкл Пиарсон ги соопшти кандидатите за Оскар за најдобра актерка.

/// PIERSON ACT /// За наградата за најдобра главна женска улога, номинирани се Кеиша Касл-Хјуз за „јавач на китови“, Дајан Китон за „Нешто мора да се даде“, Саманта Мортон за „Во Америка“, Шарлиз Терон за „Чудовиште“ и Наоми Вотс за „21 грам“.

Епската приказна за американската граѓанска војна "Cold Mountain" или „Студена планина“ има седум номинации за Оскар, исто како и приказната за коњичките трки "Seabiscuit".

Приказната за едно трагично убиство "Mystic River" или „Мистична река“ е номиниран во шест категории, од кои во една е номиниран режисерот Клинт Иствуд.

Претседателот на Академијата што ги доделува оскарите Френк Пиарсон вели дека гледа големо богатство меѓу овогодишните номинирани, кои понудија многу добри филмови.

“Ги има многу. Тоа е жестока битка. И многу ми е драго што исто така има и нови лица. Тоа е прекрасно“, вели Пирсон.

Оскарите се сметаат за најпрестижни награди во Холивуд и за најзначаен момент во годината за филмската индустрија. 76-тите по ред Оскари годинава ќе бидат доделени на 29 февруари во Лос Анѓелес.

XS
SM
MD
LG