Линкови за пристапност

Ешкрофт во Австрија на разговори за тероризмот - 2004-01-26


Разговорите на главниот правобранител Ешкрофт со австриските претставници се очекува да бидат фокусирани на борбата против тероризмот. По првите средби, тој за новинарите изјави дека терористите би можеле да нападнат секаде. Но тој не сакаше директно да ги коментира медиумските извештаи дека околу 50 терористи на Ал Каида делуваат во Австрија.

“Не знам до каде се распространети врските на Ал Каида. Уверен сум дека тероризмот е транснационален и глобален и дека ниту едно место не е имуно на тоа“, изјави Ешкрофт.

Американските и европските претставници разговараат за идејата за воведување на вооружени чувари во патничките авиони на транс-атлантските релации. Австрискиот министер за внатрешни работи Ернст Штрасер вели дека неговата земја го поддржува овој контроверзен план.

Разговорите на г-динот Ешкрофт во Виена се однесуваа и на други прашања. Тој го поздрави учеството на Австрија во обуката на ирачките полицајци во Јордан. Исто така му се заблагодари на министерот за внатрешни работи за протерувањето на шпионите во Ирачката амбасада во Виена пред почетокот на војната.

Главниот правобранител истакна дека САД исто така соработуваат со Австрија во борбата против шверцот со дрога во Централна Азија и Кавказ.

Министерот за внатрешни работи Штрасер изјави дека САД имаат вредни информации за мрежите на организиран криминал во Нигерија и Чеченија кои помагаат во големиот број активности за борба против криминалот, вклучувајќи ја борбата против дрогата и детската порнографија на Интернет.

XS
SM
MD
LG