Линкови за пристапност

Њујоршкиот кинески кварт вчера започна со прославата на кинеската лунарна Нова Година  - 2004-01-23


Неколку стотици лица излегоа на студеното време за да го поздрават почетокот на лунарната Нова Година, а некои дури зедоа и слободен ден од работа за ги следат свеченостите.

„Секоја година се собираме за да го видиме играњето на лавот и фрлањето на петарди и сите прославуваме заедно“, вели едени учесник на фестивалот.

Во веселбата се вклучени танците со лавот изведувани преку ритмички звуци на тапани и чинели. Танцот на лавот го изведуваат акробати со костуми кои носат шарени маски со лик на лав, а идејата зад тоа е да се обесхрабрат злите духови и лошата среќа во годината што следи.

Тука се и неизбежните и заглушувачки петарди кои се исфрлувани од девет лансери. Бројот девет во кинеската култура е симбол за вечност.

Многумина Њујорчани од Кинескиот кварт се надеваат дека Новата Година ќе донесе подобри економски времиња. Оваа заедница на Менхетен која се наоѓа блиску до локацијата на Светскиот трговски центар, мина низ тежок период по нападите од 11-ти септември 2001-та година. Појавата на Тешкиот акутен респираторен синдром или САРС од минатата година, придонесе за намалена посета на туриститие, што пак негативно се одрази на и онака забавената економија.

Ова е Дон Ли, еден од организаторите на фестивалот:

„Знам дека бизнисот е се уште намален и тоа во одредени сектори од 10 до 30 проценти. Проблемот е што во Кинескиот кварт профитот е на најниско ниво што може да го замислите. Тешко е“.

Ова чувство може да се забележи и од еден соговорник кој продава сувенири,кој вели:

„Бизнисот е многу лош во моментов. Обично луѓе не доаѓаат овде“.

Плановите на Корпорацијата за развој на долниот дел на Менхетен можно е да значат и надеж за бизнисмените од оваа област, дека Новата Година ќе биде попрофитабилна. Групата планира спроведување на камапања за маркетинг и туризам вредна еден милион долари, која ќе има за цел привлекување на туристистите во Кинескиот кварт.

Програмата на овогодишната прослава на кинеската Нова Година, вклучува и парада в недела, а организаторите очекуваат дека ќе има уште повеќе посетители во споредба со минатата година, кога на фестивалот присуствуваа рекордни 200.000 луѓе.

Според кинескиот календар, Годината на мајмунот претставува среќа и виталност – карактеристики кои многумина очекуваат дека повторно ќе станат составен дел на њујоршкиот Кинески кварт.

XS
SM
MD
LG