Претседателот Буш се уште не е официјален кандидат за реизбор. Но тој започна турнеја низ повеќе федерални држави во функција на запознавање со неговата политика и предлози, за кои тој смета дека се важни за американските гласачи.
Во Охајо, на пример, главнат грижа е намалувањето на работните места во производството во изминативе години. Стапката на невработеност во оваа држава, од доаѓањето на г-динот Буш во Белата куќа во 2001 година, од 3,9 се зголемила на 5,7 отсто. Претседателот призна дека станува збор за проблем и вети помош за негово решавање.
“Во потполност разбирам дека во Охајо ситуацијата и натаму е тешка. Производствениот сектор е во незавидна ситуацијата и луѓето бараат работа. Луѓето кои можеле да се надеваат на сигурна работа во производствениот сектор сега се надеваат дека ќе можат да ги остварат своите надежи и да најдат било каква работа“, кажа претседателот Буш
Клучот, според г-динот Буш е во преквалификацијата која ќе овозможи отпуштените работници да се искористат како работна сила. Тој вели дека планот што тој го изложил во годишното обраќање предвидува дополнителни и средства за локалните колеџи, наменети за посебни програми за обука на невработените и нивно поврзување со потенцијалните вработувачи.
“Ние се фокусираме на луѓето кои можат да го остварат големото ветување на нашата земја. Ние нема од никого да се откажеме“, рече претседателот Буш.
Претседателот говореше на средбата со студентите и предавачите во јавниот колеџ во близина на Толедо, Охајо, а слична средба е планирана и за попладнево, недалеку од Феникс, Аризона.
Демократите реагираат дека неговите планови за отворање на нови работни места се празни. Тие посочуваат на разочарувачките проценти на вработеност во производството, како знак дека економската политика на претседателот во најдобар случај довела до проблематично опоравување.
Најновата анкета на јавното мислење од страна на Вашингтон Пост и ТВ-мрежата Еј Би Си покажува дека многумина Американци се незаводоволни од начинот на кој претседателот постапува во однос на домашните прашања. Но, неговата популарност и натаму е релативно висока, и воедно продолжува силната поддршка за неговата политика за национална безбедност. 60 проценти од анкетираните велат дека го одобруваат начинот на кој тој ја води војната против тероризмот, што е едно од прашањата на кое г-динот Буш ќе говори во федералната држава Њу Мексико.