Линкови за пристапност

Реакции во Конгресот по обраќањето на претседателот Буш - 2004-01-21


Атмосферата за време на овогодишното обраќање беше забележливо различна во споредба со онаа во јануари 2003 година, кога претседателот Буш го подготви теренот за американската и коалиционата воена акција за соборување на Садам Хусеин во Ирак.

Сепак, г-динот Буш наиде на ист топол прием кај републиканците, кои со ентузијазам одговорија на неговите изјави за Ирак, војната против тероризмот и домашните приоритети.

Републиканците велат дека тој демонстрирал загриженост и свесност, но зазел цврст став во однос на неговата политка за трајно намалување на даноците, образованието, здравстввената заштита и реформите во имиграциониот систем.

Демократите сметата дека тој не посветил должно внимание на економската слабост, ниту понудил дополнителни идеи за тоа како планира да се справи со намалувањето на работните места во еконимијата и со невработеноста, како и со пропустите во домашната безбедност. Официјалната реакција на опозицјата ја пренесоа лидерите на демократите во Претставничкиот дом и Сенатот, конгресменот Ненси Пелоси и сенаторот Том Дешл.

Г-ѓа Пелоси рече дека политиката на г-динот Буш во Ирак довела до изолација на САД од нивните сојузници и целиот товар се префрлил врз американските даночни обврзници и американските трупи.

“Претседателот не одведе во војна врз основа на непотврдени изјави, без докази. Тој ја прифати радикалната доктрина на превентивна војна, нешто невидено во нашата историја и не успеа да изгради вистинска меѓународна коалиција“, рече госпоѓа Пелоси.

Лидерот на републиканците во Претставничкиот дом Том Диелеј вели дека г-динот Буш покажал оти и натаму ќе биде цврст лидер. Со ова се согласува и конгресменот од Калифорнија Дејвид Дрејер.

“Ние сме сведоци на почеток на економско опоравување во земјата. Треба уште многу да се направи за да се обезбеди тоа да биде трајно, но не би можел да бидам посреќен од она што сум во однос на начинот на кој претседателот постапи и фактички покажа оти е силен, динамичен, цврст и одлучен лидер“, кажа господинот Дрејер.

Еден од најострите критичари на претседателот од редовите на демократите, сенаторот Едвард Кенеди, предлозите на г-динот Буш во однос на домашната политка ги нарече „премногу мали и задоцнети“.

“Ова обраќање не се однесува целосно на она со што најголем дел од американските семејства се соочуваат. Оваа економија е добра за Вол Стрит, но не и за сите Американци, бидејќи и натаму има милиони Американци кои се без работа. Предлозите се однесуваат на покривањето на здравственото осигурување и трошоците за здравствена заштита. Во однос на покривањето на здравствената заштита, тоа е како да му фрлате јаже од 3,5 метри на некој кој се дави на длабочина од 4 метри“, кажа господинот Кенеди.

Со ова трето обраќање на г-динот Буш за состојбата во државата тој накусо го сврти вниманието од прелиминарната политичка трка во Демократската партија од која треба да произлезе кандидатот кој во ноември ќе му се спротивстави на претседателот Буш на претседателските избори.

XS
SM
MD
LG