Линкови за пристапност

Порака до земјите кои бараат оружје за масовно уништување - 2004-01-21


Заменикот советник за национална безбедност, задолжен за комуникации, Џим Вилкинсон, на новинарите им изјави дека главната поента на обраќањето до нацијата на претседателот било испраќањето на меѓународна порака.

Господинот Вилкинсон кажа дека земјите во светот имаат опција да се обидуваат да произведат оружје за масовно уништување или доброволно да се разоружаат, како што понуди Либија.

Тој рече дека не треба да има сомневање во решителноста на Америка по војната против владата на Садам Хусеин во Ирак.

“Она што го кажува неговата политика е дека владите имаат избор. Тие можат да изберат да набават оружје за масовно уништување изложувајќи се на голем ризик и големи трошоци. Јасно е дека Садам Хусеин,а секако неговиот режим ризикуваа со набавката на оружје за масовно уништување. Тие можат да го изберат тој пат. Тие можат да набават орижје или може да изберат пат кон потенцијално подобри односи како со САД така и со светот. Но јасната порака што ја добива светот, а мислам дека тоа претседателот најдобро го кажа, е дека дипломатијата функционира само кога луѓето го одржуваат зборот“, кажа помошникот советник за национална безбедност.

Господинот Вилкинсон, кој е заменик помошник на претседателот Буш, го истакна предлогот во годишното обраќање до нацијата за удвојување на буџетот на National Endowment for Democracy.

Господинот Вилкинсон рече дека новите средства од околу 40 милиони долари се наменети за промовирање на човековите права и верската толеранција, слободните избори и слободата на печатот на Блискиот Исток.

“Ако погледнете низ историјата, а мислам дека тоа е важно, се навраќате на Садам Хусеин, Хитлер и други режими. Погледнете во историјата, и ќе видите дека цивилизации во кои се ограничуваат вашите права како новинари да покривате настани и да гледате јасно што се случува, типично содржат убиства, силувања, и сигурно не слобода“, рече помошникот на претседателот Буш.

Господинот Вилкинсон кажа дека во говорот на господинот Буш се повторува долгогодишната американска заложба за обнова на Ирак и Авганистан.

Тој рече дека господинот Буш е уверен оти демократски влади ќе можат да управуваат со овие земји, во кои долго време доминирале конфликти и насилство.

XS
SM
MD
LG