Линкови за пристапност

Мирни демонстрации на ирачките муслимани Шиити во знак на поддршка на барањата за предвремени избори - 2004-01-19


Демонстрантите во Багдад носеа знамиња и транспаренти и гласно ја изразуваа својата поддршка за ајатолахот Али ал-Систани и неговото барање за предвремени избори по кои ирачка влада би ја презела власта од американската окупација.

Со актуелниот план за транзиција се предвидуваат средби низ целата земја за избор на Транзиционо национално собрание, кое во јуни би назначило привремена влада, која, пак, би управувала со земјата до општите избори што би се одржале кон крајот на 2005.

Но ајатолахот ал-Систани бара уште на почеток директно да се избере влада.

Американски и ирачки претставници велат дека заради сегашната безбедносна ситуација и недостатокот на соодветна изборна инфраструктура, е практично невозможно да се одржат предвремени избори.

Шиитите сочинуваат 60 отсто од населението во Ирак. Тие беа под голема репресија во време на владата на Садам Хусеин, во која доминираа Суни муслиманите.

XS
SM
MD
LG