Линкови за пристапност

Според традиционалната кинеска геомантика „фенг шуи“ на Кина и престои мошне успешен период - 2004-01-19


Врз основа на неконвенционалната комбинација на „фенг шуи“ и модерните економски анализи, Инвестиционата банка од Хонг Конг - ЦЛСА вели дека црвената боја ќе биде несреќна во годината на мајмунот.

Според лунарниот календар, што неформално се користи во најголем дел од Азија, годината на мајмунот започнува на 22 јануари.

Фенг шуи е кинески начин на предвидување на нештата, чија цел е хармонизација на елементите метал, дрво, вода, оган и земја, како и проценка колку ќе биде успешна годината што настапува.

Аналитичарот Кени Лау од банката ЦЛСА вели дека Кина влегува во многу успешен период, со цврст раст на бруто домашниот производ годинава. Но, сепак, земјата би можела да се соочи со извесни недостатоци на суровини.

„Во однос на бруто домашниот производ, имаме мошне смело предвидување за раст од 11 проценти“, вели господинот Лау.

Според кинескиот хороскоп, вели тој, оваа година е поволен период за купување злато, бидејќи овој елемент ќе бележи нагорна линија. Тој предвидува дека цената на златото, од сегашните 425 долари за унца, ќе се искачи на околу 500 долари.

Банката ЦЛСА предвидува дека неколку познати луѓе годинава ќе имаат голема среќа. Родените во годината на Змејот, како што е хонконгшкиот бизнисмен Ли Ка Шинг наводно ќе доживеат голем просперитет. Во извештајот исто така се предвидува дека претседателот Буш, роден во годината на кучето, ќе биде повторно избран на претседателската функција.

Еве и интересна информација за оние што се обложуваат на спортските игри. Аналитичарот на ЦЛСА, Џеј Бат, предупредува вели дека некои фудбалски тимови би можеле да се соочат со проблеми, поради црвената боја на нивните дресови.

„Поволни бои се сината, зелената, црната и жолтата. Ова е лоша година за „црвените“ - како Португалија, Шпанија, Данска и Холандија“, истакнува Бат.

А, во финалето на европскиот фудбалски шампионат годинава, според истиот аналитичар, ќе се сретнат Франција и Италија.

XS
SM
MD
LG