Линкови за пристапност

Разговори на релација САД-Грција воочи престојните летни Олимписки игри во Атина  - 2004-01-16


Министерот за јавен ред Јоргос Флоридис се наоѓа во Вашингтон на разговори кои се однесуваат на големите безбедносни подготовки на неговата земја за Олимписките игри. Грчките претставници велат дека безбедносните операции за Олимпијадата се очекува да чинат над 750 милиони долари и во нив ќе бидат ангажирани најмалку 45.000 лица.

За време на неговата дводневна посета г-динот Флоридис се среќава со советникот за национална бебзбедност Кондолиза Рајс, како и со директорот на Федералното истражно биро, Роберт Мулер, со главниот американски правобранител Џон Ешкрофт и со директорот на ЦИА, Џорџ Тенет.

Во вчерашната изјава за новинарите, г-динот Флоридис рече дека средствата за обезбедувањето драматично се зголемени во споредба со последните Олимписки игри што се одржаа во Сиднеј.

„Финансиските средства ги зголемивме за трипати во споредба со Олипмијадата во Сиднеј, тројно е зголемен и бројот на ангажираните лица и сигурни сме дека со овие напори заедно со одличната соработка со експертите од областа на безбедноста, ќе ги постигнеме нашите цели“, истакна господинот Флоридис.

Постоеше загриженост во однос на способноста на Грција да обезбеди заштита од терористички напади за време на Игрите. Но по вчерашниот состанок со Кондолиза Рајс, г-динот Флоридис изјави дека Советникот за национална безбендост изразила доверба во безбедносните подготовки.

Освен САД, уште шест други држави ја советуваат Грција по безбедносните прашања за време на Олимпијадата, меѓу кои Израел, Австралија и Британија.

Земјата домаќин на Олимписките игри планира да изведе безбедносни вежби следниот месец, за потенцијални хемиски, биолошки или нуклеарни напади.

Заедничка безбедносна операција на американските и грчките трупи е планирана за почетокот на март.

XS
SM
MD
LG